• Latest

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025 15:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ спроведува граѓанско изборно набљудување и на претстојните локални избори, за што организацијата, како и секогаш, објави повик за аплицирање со рок до 15 септември, 17 часот.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

Како што е вообичаено, ЦИВИЛ ги објавува одговорите на најчесто поставуваните прашања кои најчесто доаѓаат од заинтересираните за учество во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

Кој има право да се пријави на повикот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија ИМААТ ПРАВО да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – НЕМААТ ПРАВО на учество на повикот на ЦИВИЛ.

Сакам да аплицирам како преведувач во странска набљудувачка мисија. Дали може да бидам набљудувач и на ЦИВИЛ? 

Одговорот е: НЕ, тоа не е дозволено.

Аплицирав за набљудувач на изборите во една друга институција. Дали имам право да аплицирам и во ЦИВИЛ?

Можете да аплицирате каде сакате, но ако добиете позитивен одговор од две места, ќе морате да се одлучите само за една позиција, а другата страна да ја информирате дека се повлекувате.

Дали ангажманот се плаќа?

Хонорарот за КРАТКОРОЧНИТЕ изборни набљудувачи изнесува вкупно 110 евра (бруто) за двата изборни круга. Зависно од квалитетот на извршените задачи, овој износ може да биде намален или зголемен. Во случај да се завршени изборите во првиот круг на локалните избори, ќе бидете распоредени да го набљудувате вториот круг во друга општина, најверојатно во истата изборна единица.

Хонорарот за ДОЛГОРОЧНИТЕ набљудувачи изнесува вкупно 250 евра (бруто) за шест недели.

Кој одлучува по апликациите?

Апликациите ги разгледува тричлена комисија при Координативниот тим на ЦИВИЛ.

Дали податоците што ги внесуваме во апликацијата се јавни?

Не. Тие се чуваат во најстрога тајност.

Дали на денот на гласањето ќе можам да гласам?

ДА, СЕ РАЗБИРА. ЦИВИЛ го промовира правото на глас како едно од фундаменталните човекови права и препорачува тоа секогаш да се искористи, без исклучок. Секој набљудувач ќе добие време во текот на денот на гласањето да го искористи своето право на глас.

Дали ќе имам време за пауза за време на набљудувањето?

ДА, СЕ РАЗБИРА. Секој од набљудувачите ќе има време за одмор. Сепак, обврска е цело време да бидете достапни.

Дали моите сознанија од теренот, додека набљудувам, можам да ги споделам на моите профили на социјалните мрежи? 

Одговорот е: НЕ, под никакви услови ТОА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. Податоците што ги прибирате се исклучиво за потребите на мониторингот на ЦИВИЛ, за што ќе бидете обврзани и со договор.

Дали моите сознанија од теренот, додека набљудувам, можам да ги споделам со новинари или набљудувачи од други организации?

НЕ, тоа не е дозволено. За комуникација со медиумите и мониторинг мисиите на други организации постои посебен комуникациски тим при ЦИВИЛ.

Јас бев набљудувач на изборите на ЦИВИЛ на претходните, предвремени парламентарни избори? Дали треба да посетувам обука?

Да. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси, дури и да се работело за претходни претседателски или парламентарни избори.

Образложението за ова е едноставно. Има измени во изборната легислатива, но и унапредување на методологиите на ЦИВИЛ.

Колку време трае ангажманот на краткорочните набљудувачи?

Краткорочните набљудувачи се активираат на почетокот на изборниот молк, но главните активности се на денот на гласањето. Од нив може да се побара да бидат активни и еден ден по гласањето. Во секој случај, ЦИВИЛ апелира до сите свои набљудувачи, но и членови и поддржувачи кои нема да се активираат како набљудувачи, да ѝ помогнат на својата организација да доаѓа до што е можно повеќе информации и извештаи од теренот.

Дали секој од набљудувачите ќе добие едно избирачко место за набљудување?

НЕ. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие повеќе избирачки места, зависно од посебните планови изработени за секој набљудувач.

На кој начин ќе можеме да ги доставуваме информациите од нашето набљудување?

Оставете нешто и за обуката. Начинот на набљудување и известување ќе биде една од главните содржини на обуката.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ