Вчерашните избори во Молдавија покажаа дека дури и координираните дезинформации не можат да го попречат европскиот пат на Молдавија, што беше одобрено минатата година. Пофалба до изборните власти за добро спроведениот процес, но и за народот на Молдавија за нивното смирено, граѓански ориентирано учество, изјави за ЦИВИЛ Медиа лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, која беше во состав на собраниската делегација како дел од делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа во меѓународната мисија за набљудување на парламентарните избори во Молдавија
Зајкова додава дека гласачите имаа широк избор, иако имаше и отпишување на кандидати во последен момент и пречки за гласачите од левиот брег на реката Нистру. ОБСЕ ПС ги повика сите институции да го заштитат плурализмот и еднаквото учество, така што гласот на секој граѓанин ќе се слушне на идните избори.
Соочени со континуирани кампањи за дезинформации, сајбер напади и други елементи на хибридни напади, цврстата посветеност на земјата кон транспарентност и проактивните мерки преземени од нејзините власти и граѓани беа клучни за зачувување на интегритетот на изборниот процес. Им посакувам успех и напредок во периодот кој претстои, вели Зајкова во изјавата.
Д. Мишев