Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што ќе се одржи во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција).
Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.
Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академици од Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави— ќе разменуваат искуства и стратегии за зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси и ќе изразат солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.
Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
прв ДЕН – СРЕДА, 8 ОКТОМВРИ
Тема: Разбирање на заканите – Обликување на одговорот
Место: Хотел Континентал
- 10:00–13:00| Градење сценарија зад затворени врати
Јазици: македонски, албански и англиски (флексибилна повеќејазична работна сесија) - 13:00–13:30| Меѓународна прес конференција
Вестминистерски сојуз за Украина, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазик: англиски - 13:30–14:00| Национална прес конференција
ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазици: македонски и албански - 15:00–17:00| Вмрежување и состаноци
- 18:00–20:00| Воведен панел
Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори
Настан организирани од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина и партнерите
Говорници и панелисти
- Роџер Касале – Поранешен пратеник, основач и координатор, Вестминистерски сојуз за Украина, Обединето Кралство (лично)
- Волфганг Ресман – Претседател, Нов европски форум на народите, претседател, Медија дијалог, Германија (лично)
- Олександар Мережко – Член на Врховната рада, Украина
- Гудрун Штајнакер – Потпретседателка, Здружение на Југоисточна Европа, Германија, поранешена амбасадорка
- Емануеле Ерихиело – Заменик директор, „Centro Studi Internazionali“, Италија
- Хедер Роберсон Гастон – Експерт за човекови права; Универзитет на Вирџинија, САД
- Жан-Ив Леконт – Поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство; „Place Publique“, Франција
- Катерина Павлова – Експерт за граѓанско образование и демократија, CRISP – Германија/Украина
- Оливие Ведрин – Политиколог и аналитичар; Асоцијација Жан Моне – Франција
- Иштван Хегедус – Претседател, Унгарско европско друштво; политиколог, поранешен пратеник
Модератор: Џабир Дерала – Претседател, ЦИВИЛ – Центар за слобода
Јазик: англсики | Високопрофилен меѓународен панел, пренос во живо
Втор ден – четврток, 9 октомври
Тема: Научени лекции – Заштита на демократијата
Место: Хотел Континентал | Јазик: македнски
- 08:00–09:30| Состанок за стратешко планирање зад затворени врати (партнери и одбрани учесници)
- 09:30–10:00| Регистрација и кафе (кратки изјава за медиумите пред врата)
- 10:00–11:00| Панел 1: Демократско назадување: Импликации и последици
- 11:30–12:30| Панел 2: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија
- 14:00–17:00| Работилници зад затворени врати
Работните групи, модераторите и известувачите ги консолидираат дискусиите во нацрт- заедничка изјава и стратешки препораки - Вечер | Вмрежување и брифинзи
трет ден – петок, 10 октомври
Тема: Од увиди до акција – Градење демократска отпорност
Место: просториите на ЦИВИЛ и соседното кафуле
- 10:00–12:00| Работилници зад затворени врати
Теми: Меѓународни (демократија, солидарност, Украина); Национални (изборен интегритет и дезинформации)
Демократски навигатор – првична проценка и планирање
Известувачите ги презентираат резултатите; финализирани се заедничките изјави и стратешките препораки - 14:00| Конечни соопштенија за печатот
Јазици: македонски, албански, англиски, германски, БХС
Презентација на:- Заеднички изјави (меѓународни и национални теми) – повеќејазични
- Првите наоди од Демократскиот навигатор
- Најава на следните чекори, вклучувајќи и брифинзи за печатот на барање