Драган Симиќ, советник на директорот на полицијата на Република Српска, и неговите двајца синови се уапсени под сомнение дека нападнале полицајци во населбата Борик во Бања Лука, објавија медиумите во Бања Лука, пренесува N1.
Полициската управа на Бања Лука, наведувајќи ги иницијалите, објави дека се уапсени Д.С., М.С. и М.С.
„Д.С. и М.С. се уапсени откако физички ги нападнале полицајците кои претходно го запреле М.С., кој возел без возачка дозвола и кого се обиделе да го тестираат за присуство на дрога“, се вели во соопштението.
Се додава дека двајца полицајци се повредени и испратени да им се укаже медицинска помош.
Дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство на Бања Лука е известен за овој настан.
Бањалучката алтернативна телевизија (ATV) објави дека полицијата се обидела да го тестира за дрога синот на Драган, Марко Симиќ, кој одбил, а потоа го повикала неговиот татко, кој заедно со другиот син, прво вербално, а потоа и физички ги нападнале полицајците.
Набрзо на местото на настанот пристигнале неколку полициски патроли, а Симиќ бил уапсен и однесен на понатамошна кривична истрага.
Минатата година, Марко Симиќ беше уапсен во акцијата „Нишан 3“, кога полицијата пронашла повеќе од пет килограми марихуана во неговиот автомобил.
Д. Мишев