Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што ќе се одржи во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција).
Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.
Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академици од Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави— ќе разменуваат искуства и стратегии за изборниот интегритет и ќе изразат солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.
Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Втор ден – четврток, 9 октомври
Тема: Научени лекции – Заштита на демократијата
Место: Хотел Континентал | Јазик: македoнски
- 08:00–09:30| Состанок за стратешко планирање зад затворени врати (партнери и одбрани учесници)
- 09:30–10:00| Регистрација и кафе (кратки изјава за медиумите пред врата)
- 10:00–11:00| Панел 1: Демократско назадување: Импликации и последици
Панелисти
- Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка
- Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина
- Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар
- Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар
- Оливер Андонов – професор на Воена академија
- Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар
- Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар
Модераторка: Дијана Тахири
- 11:30–12:30| Панел 2: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија
Панелисти
- Александар Новакоски – адвокат, поранешен претседател на ДИК и претседател на Работната група за изборни реформи
- Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото
- Бесим Небиу – политички аналитичар
- Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода
Модераторка: Биљана Јордановска
- 14:00–17:00| Работилници зад затворени врати
Работните групи, модераторите и известувачите ги консолидираат дискусиите во нацрт- заедничка изјава и стратешки препораки - Вечер | Вмрежување и брифинзи