• Latest

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025 12:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Косово вчера, од 07:00 до 19:00 часот, се гласаше на локалните избори, осми по ред за општински совети и шести по ред за градоначалници.

Процесот на гласање се одвиваше во 948 Гласачки центри, со вкупно 2.625 гласачки места, од кои 910 центри со 2.571 гласачки места за редовно гласање и 38 центри, по едно за секоја општина, со 54 гласачки места, за да се овозможи условно гласање.

Според Избирачкиот список, бројот на граѓани со право на глас  во Република Косово е 2.025.105, кои се распоредени во 38 општини.

Централната изборна комисија на првичните податоци, соопшти дека, во 21 општина, изборната трка заврши во првиот круг, додека во 17 други ќе се одржи втор круг.

Според прелиминарните податоци од Централната изборна комисија, Движењето Самоопределување ја доби трката без втор круг во три општини (Подуево, Каменица и Штимје), како и Демократската партија на Косово (Феризај, Скендерај, Хани и Елезит).

Демократската лига на Косово победи во две општини (Липјан, Истог).

Алијансата за иднината на Косово обезбеди победа во Дечани, додека Нисма во Малишева.

Во Мамуша, победи  кандидатот за претседател на Турската демократска партија на Косово (КДКП), додека Листата на Рамиз Ладровци обезбеди победа во Дренас.

Српска листа победи во 9 општини населени со српско мнозинство, додека во Клокот води, но оди во втор круг со Српското национално единство.

Движењето Самоопределување ќе се натпреварува во вториот круг во 12 други општини. Во две од нив се рангираше на првото место, додека во 10 општини, кандидатите на ЛВВ за градоначалник се втори по гласови.

Демократската лига на Косово ќе се натпреварува во вториот круг во девет општини. Во шест општини се рангираше на првото место, додека во три други се рангираше на второто место.

Демократската партија на Косово ќе се натпреварува во вториот круг во шест општини, од кои во четири се рангираше на првото место, додека во две други се рангираше на второто место.

Алијансата за иднината на Косово ќе се натпреварува во вториот круг во пет општини, каде што во четири се рангираше на првото место, додека во друга се рангираше на второто место.

Првични анализи за текот на изборниот процес

Фактот дека 17 општини никој не успеа  да победи во првиот круг, косовските аналитичари го сметаат како позитивен и здрав тренд за демократијата во земјата.

Според анализите, практиките од изборите во втор круг во минатото покажале дека победата во првиот круг за партиски кандидат не гарантира победа во вториот круг.

Еден од практичните примери е трката за градоначалник на Гњилане во 2021 година, кога ЛВВ беше поддржана од ПДК, со која потоа формираше коалиција.

Исходот од изборите во северните општини, но и во јужниот дел на Косово, каде што на овие избори победи Српска листа, беше лесно предвидлив, велат аналитичарите.

Според анализите, големите државни инвестиции на Србија, во комбинација со погрешната институционална стратегија на Косово, го мобилизираа електоратот на косовските Срби и ги вратија на власт четворицата градоначалници на Српската листа во северно Косово, но и во други делови.

Излезност

На изборите на 12 октомври 2025 гласаа 39,58 проценти од над 2 милиони граѓани со право на глас, за разлика  локалните избори во 2021 година, на кои  гласаа околу 43 проценти од околу 1,7 милиони граѓани со право на глас.

Падот на процентот на излезност на граѓаните на локалните избори, според експертите за политички случувања, е резултат на недостатокот на алтернативи за избори, како и на слабата кампања на кандидатите кои се кандидираат за градоначалник и членови на општинското собрание, но и политичката криза во земјата којашто се создаде поради неколкумесечното неконституирање на Собранието.

Нерегуларности

На денот на локалните избори во Косово, на 12 октомври 2025 година, беа пријавени неколку случаи на сомнение за изборна измама во неколку општини низ целата земја. Според косовската полиција, инцидентите вклучуваат поткуп, повреда на тајноста на гласањето и дејствија што би можеле да влијаат врз слободното определување на гласачите.

Вршителот на должноста премиер  и лидер на движењето Ветевендосје, Албин Курти, на прес-конференција посочи на извештаите од анкетите за излезноста на северот на Косово.

Тој ги повика органите за правда и безбедност да „се справат со ова прашање“, тој рече дека „ова не е само грешка“.

„Она што се случи на 12 октомври во врска со известувањето за Митровица мора да се истражи и Ова не е само грешка, туку намерен  инженеринг на флагрантно мешање во изборниот процес. Погрешно презентираните излезни анкети, со разлика од 16 процентни поени или повеќе од една организација и за истата општина, и објавувањето лажни вести за тоа кој бил победник пред дури и да се затворат гласачките места, не се само пропуст“, рече тој.

Курти рече дека тие пропусти „ги нарушиле“ слободните избори и интегритетот и безбедноста на државата.

Досега е завршено  пребројувањето на гласовите  во 27 општини на Косово.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ