• Latest

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025 12:15
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој момент, Северна Македонија не е автократска држава, тенденциите водат натаму, но тоа што владејачката партија има апсолутно мнозинство, не значи дека овие што изгубиле, да тврдат дека овие се диктатори. Опозицијата е во една голема криза, го гледаме и квалитетот на лидерството, идеите и така натаму. А тенденциите што ги покажува власта се загрижувачки, во смисла на автократските идеи кои се уште само вербално ги изразуваат, вели Сашо Орданоски, на панелот на ЦИВИЛ “Назадување на демократијата: Импликации и последици“. 

Но, Северна Македонија е се уште демократска држава, и не сум многу оптимист. Мислам дека тенденциите во светот се такви. Најкорумпираната држава во светот, во моментов, и држава која има јасни фашистички тенденции, се САД. Кога ќе ви се угаси таков факел, а за оваа Македонија, не само што САД беа стратешки партнер, но и секогаш беа корективен елемент во многу деликатен политички систем што ние го негуваме. Бидејќи се прави унитарна, мултиетничка држава, како што е дефинирана во Охридскиот договор, а потоа и во Уставот, тоа е многу скапа држава, деликатна, спора, но дава одлични резултати.  

Во теоријата, има пет начини што можете да правите со малцинствата. Ние го бираме најдемократскиот, а тоа е интеграција.  

Кога ќе ви се угаси факелот на САД, а тој е темелно угасен, таму наскоро нема враќање кон демократија. Напротив. Сметам дека таму ќе има уште пострашни елементи, тоа се рефлектира врз цел свет, а врз една Македонија, рефлексиите се особено огромни, посочи Орданоски. 

Триесет и пет години, како Република Македонија се обидувавме да не влеземе во кругот со Косово, Босна и Херцеговина и Србија. Триесет и пет години, секакви влади на подобар или на полош начин, успеваат да останат вон тој круг, и да го негуваат, макар наративот за Европска Унија. Сега ние апсолутно дел од тој маневарски простор. Србија е пред разрешници кои во следниот период подразбираат и драми, а ние сме маневарски простор на таа.

Тајната  служба на Србија отсекогаш била интегрирана во целите балкански држави, многу успешно, а денеска во Македонија мислам дека имаат и канцеларија, вели Орданоски, и додава дека Вучиќ кај нас е почесто на вестите, отколку претседателката Силјановска.  

Мнозинството етнички Македонци не сакаат во Европска Унија, односно сакаат, но под свои услови, а тие услови ги нема.  

Според ова, Орданоски смета дека граѓаните не се клучни за да ја одржат демократијата, посочувајќи дека во теоретска смисла – да, бидејќи секој успех во изминатите 35 години е постигнат од политичките елити. Така што, клуч се политичките елити, вели Орданоски.  

Во теоријата и во практиката има јасна разлика што е национализам и што е патриотизам. Патриоти се луѓе што веруваат во функционалноста, и се горди на државните институции. Кога тие институции не функционираат, тогаш луѓето се ориентираат на единствената можна алтернатива, а тоа е национализмот. Бидејќи бараат преку етничка идентификација, остварување на своите права.  

Во Северна Македонија, години наназад целиот политички натпревар се одвива во шеснаесетникот на национализмот. Така што и на овие избори најмалку се збори за некои ситни локални прашања, се друго е национализам. Сите партии се националистички, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ВЛЕН, се е тоа националистичка расправа. Во таа расправа, нема шанса за либерална демократија.  

Според тоа, јас амо можам да констатирам дека шансите не се добри, вели Орданоски во однос на демократијата, и се осврнува на максималната корупција во САД, за која вели дека ја надминала во светски рамки, и дека кај нас и покрај големите проблеми и прашања, сепак не е како во САД.  

За крај, Орданоски посочи дека македонските економски монополи не сакаат Европска Унија. 

Македонската економија е монополистичка. Македонските економски монополи не сакаат Европска Унија. Има една голема компанија, која што на секои избори ги финансира двете најголеми партии, само заради еден член во Законот за енергетика, кој им го гарантира монополот во дистрибуција на плин. И не ги интересира која партија ќе владее, туку само овој член, поради милионските приходи.  

Така што, не сум многу оптимист, но се надевам дека генерацијата што сега доаѓа, ќе успее да одржи еден жив факел на таа борба за демократија, бидејќи во демократијата, никогаш ништо не е засекогаш дадено, заклучува Орданоски.  

Д. Тахири 

Камера: Атанас Петровски 

Монтажа: Ариан Мехмети 

Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ 


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ