• Latest

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025 11:13
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција на Обединетите нации.

Драстичните кратења на финансирањето и најавеното заминување на САД веќе го потресуваат глобалното јавно здравство, кое и онака е силно погодено по пандемијата, пишува Политико.

Соочен со губење на најголемиот финансиер, американскиот придонес во 2023 година изнесувал 640 милиони долари, генералниот директор на СЗО е принуден да собира средства од други извори и да спроведе најголемо намалување на бројот на вработени во историјата на организацијата. Тој предупредува дека повлекувањето од глобалната здравствена соработка по пандемијата „нема никаква смисла“ и оти наглите кратења на помошта веќе чинеле човечки животи.

– Ако донаторите сфатат дека нивната помош не е милостина, туку инвестиција во нашата заедничка безбедност, ќе бидеме во подобра позиција, изјави Тедрос. Сепак, тој гледа и една позитивна страна во целата ситуација – нешто околу што, како што рече, можеби би се согласил дури и со Трамп: Американските кратења ги поттикнуваат земјите што зависеле од тоа финансирање да станат посамостојни.

Тедрос, првиот африкански раководител во историјата на СЗО, ја води организацијата од 2017 година. Поради загубата на американското финансирање, годинава морал да ја реорганизира структурата и да отпушти околу 600 од вкупно 10.000 вработени. Во интервју детално ги опиша напорите да одговори на приговорите на Трамп за „преголемо политичко влијание“ и „претерано финансирање“ и објасни дека се обидува да соработува со американската администрација за повторно разгледување на одлуката за повлекување.

– Солидарноста е клучна – ако не се поддржуваме, вирусите ќе имаат предност. Тоа не е милостина. Со вложување во глобалното здравство, земјите ги штитат сопствените граѓани, истакна Тедрос, додавајќи дека е важна и самостојноста – секоја држава мора да инвестира во сопствениот здравствен систем.

– Ако земјите преземат одговорност, гледам подобра иднина, рече тој. „Ковид-19 уби повеќе луѓе отколку која било војна во поновата историја. Мораме да се заштитиме од заедничкиот непријател кој може да удри во секое време. Прашањето не е дали, туку кога.“

На прашањето дали кратењата во финансирањето имаат и позитивна страна бидејќи ги тераат земјите да станат самодостатни, Тедрос одговори: „Тоа е и добро и лошо. Лошо, затоа што луѓето умираат. Добро, затоа што долгорочно земјите се будат и велат: Во ред, морам да мобилизирам домашни ресурси и да ги покријам трошоците на здравствениот систем“.

– Се разбира, има моментален ефект. Да имаше транзициски период, ќе се избегнеа последиците во вид на болести и смртни случаи, додаде тој.

Тедрос откри дека се обидел да воспостави контакт со администрацијата на Трамп, и формално и неформално.

– Се обидовме да воспоставиме контакт на двата начина, бидејќи неформалниот пристап често е поефикасен. Побаравме средби, но поради причини што не ни се соопштени, тоа сè уште не се случило. Не велам дека вратите се затворени, рече тој.

Сепак, посочи дека има соработка со американскиот министер за здравство, Боби Кенеди.

– Во контакт сме со министерот за здравство Боби Кенеди. Ни помогна во евакуацијата на децата од Газа. Претседателот ја поддржа таа иницијатива. Дел од децата пристигнаа во САД, а многумина беа пренесени во други земји, особено децата со рак. Сакам да му се заблагодарам на претседателот и за мировниот договор и за помошта при евакуацијата на децата со рак. Веќе помогнавме на повеќе од 300 деца, истакна шефот на СЗО.

На изјавата на Кенеди дека СЗО треба „радикално да се реформира“, Тедрос рече дека не е сигурен што точно се мисли со тоа, но оти организацијата веќе се менува во насоката што САД ја посакуваат.

– Не знаеме каква реформа сакаат, но САД велат дека другите земји треба да плаќаат повеќе, а тие помалку. Се согласуваме. СЗО сака товарот да се подели, објасни тој.

– Финансиската реформа ја почнавме во 2017 година. Во 2022 година, земјите членки, вклучувајќи ги и САД, се согласија да ги зголемат своите придонеси за 50 проценти – најголемото зголемување досега. Тоа му помага на СЗО да спречи вакви шокови во иднина и да стане поавтономен. Ако тоа е целта на САД, тогаш ние токму тоа го правиме. Но, дали тоа е причина да се замине? Не, рече тој.

Тедрос ги отфрли обвинувањата на администрацијата на Трамп дека СЗО е „преповрзана со Кина“ и дека помогнала во прикривање на потеклото на ковидот.

– Тоа е целосно погрешно … Кина, всушност, не е задоволна од нашиот став за потеклото на ковидот, затоа што нашиот став е дека сите хипотези се на маса – вклучувајќи го преносот од животни на луѓе и можното протекување од лабораторија. Тој став е многу сличен на американскиот – заснован на наука и докази, истакна тој.

– Но, кога луѓето не сакаат да ги видат фактите и се заинтересирани за ширење дезинформации и лаги – што можете да направите?, се праша шефот на СЗО.

Тедрос на крајот изрази уверување дека другите земји нема да го следат примерот на САД и да ја напуштат Светската здравствена организација.

– Не сум многу загрижен. Постојат добри причини за останување – дури и за САД, заклучи тој, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ