Неколку дена пред презентацијата на Европскиот демократски штит, „Репортери без граници“ (RSF) и Европската радиодифузна унија (EBU) објавија отворено писмо во кое ги повикуваат институциите на Европската унија (ЕУ) да обезбедат ефикасен пристап до сигурни информации за сите граѓани, без оглед на тоа која медиумска услуга ја користат за да останат информирани.
Мерки како што се промовирање на сигурни извори на информации на социјалните медиуми или регулирање на асистентите за вештачка интелигенција се неопходни за да го направиме нашиот информациски простор поздрав и подобро да служи на слободата на мислењето и изразувањето, велат од Репортери без граници.
На 12 ноември, Европската комисија ќе ги презентира своите мерки за воспоставување Европски демократски штит насочен кон борба против злонамерно странско мешање и дезинформации. За RSF и EBU, овој план е само прв чекор и треба да доведе до законски предлози дизајнирани да:
- Обезбедат истакнатост на доверливи медиуми од општ интерес на сите уреди (поврзани телевизори, далечински управувачи, гласовни асистенти итн.) што граѓаните ги користат за пристап до информации;
- Бараат алгоритмите на социјалните медиуми, по дифолт, да дадат поголема видливост на содржината од сигурни извори, наместо да овозможат ширење на дезинформации и пропаганда;
- Регулираат услуги базирани на вештачка интелигенција, така што тие ги исполнуваат минималните стандарди за медиумски плурализам и интегритет на информациите.
„Слободните општества се потпираат на заедничка основа од проверливи факти. Без ова, демократската дебата се претвора во бучава, луѓето се повлекуваат во непомирливи „филтер меурчиња“, а екстремизмот напредува заедно со информативниот замор.
Правото на доверливи информации да се спроведе бара гарантирање на пристап до новинарски извори на интернет. Време е јавните носители на одлуки во рамките на ЕУ – сега зафатени од треската на поларизирани мислења – да се справат со овој предизвик. Европската Унија презеде чекори во оваа насока, особено со Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA). Да одиме понатаму.
„Доследната важност“ им дава на граѓаните средства да бидат информирани – и, според тоа, можност да донесуваат информирани одлуки – во рамките на дигитален простор што конечно ги одразува нашите демократски вредности“, изјави генералниот директор на Репортери без граници (RSF), Тибо Брутин.
Д. Т.












