Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ испрати извештај до Јавното обвинителство во Милано за „Сараево Сафари“, во однос на покренувањето истрага во Италија во врска со обвинувањата дека странци платќале за пукање во цивили за време на српската опсада на Сараево пред три децении, пренесува Klix.ba.
„Сегашниот претседател на Србија во 1992 и 1993 година бил нелегален воен доброволец во Сараево. Вучиќ неоспорно бил за време на војната во 1992 и 1993 година како доброволец од друга земја (Србија) член на озлогласениот и криминален доброволен и паравоен одред под контрола на Српската радикална партија. Поточно, тој бил член на одредот командуван од Славко Алексиќ“, се наведува во соопштението.
Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ испрати извештај до Јавното обвинителство во Милано (Фото: Фејсбук)
Понатаму се наведува дека „овој одред бил стациониран на Еврејските гробишта во Сараево, каде што Вучиќ бил волонтер во 1992 и 1993 година, а ова го потврдиле во Хаг Воислав Шешељ и неговиот раководител на правниот тим Зоран Красиќ“.
Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ испрати извештај до Јавното обвинителство во Милано (Фото: Фејсбук)
„Еврејските гробишта во Сараево биле локација во ужасната „туристичка понуда“ на човечко сафари за богати и влијателни луѓе од Италија и биле познати како една од најлуксузните, најбараните и најскапите локации за потерници во Сараево, а особено за сафари на убивање деца во рацете на нивните мајки во Сараево“, се наведува во извештајот.
За потсетување, Обвинителството во Милано отворило истрага откако локалниот новинар Ецио Гавацени поднел тужба поради наводите дека Италијанците и другите странци им платиле на припадниците на силите на босанските Срби да го посетат градот и да пукаат во цивили во она што некои го нарекле „снајперски туризам“, а за ова пишувал и Ројтерс.