• Latest
Илустрација, генерирана со ВИ

ГЕОПОЛ: Хрватски лобисти се обидуваат да ја искористат исламофобијата како средство за постигнување „трет ентитет“

December 5, 2025

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

ГЕОПОЛ: Хрватски лобисти се обидуваат да ја искористат исламофобијата како средство за постигнување „трет ентитет“

December 5, 2025 18:15
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Илустрација, генерирана со ВИ

Илустрација, генерирана со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Изјавите на хрватскиот лобист Макс Приморац на расправата пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД повторно го отворија прашањето за растечкиот христијански екстремизам и неговата улога во ширењето на антимуслимански наративи. Приморац ја опиша Босна и Херцеговина како „пропадната држава“, тврдејќи дека Хрватите трпат дискриминација и дека е потребно создавање „трет ентитет“, како и укинување на Канцеларијата на високиот претставник, пишува Geopol.ba.

Овие позиции, како што истакнуваат од Geopol, кои не се засновани на факти, ја поедноставуваат комплексната политичка и општествена состојба во земјата и ја продлабочуваат етничката поларизација. Во Европа веќе е забележливо ширење десничарски трендови и реторика која ја нормализира исламофобијата, што во контекст на Босна и Херцеговина може да биде искористено како инструмент за притисок врз Бошњаците и оправдување на политички проекти базирани на етнички поделби.

Оттаму наведуваат дека „историското и државното наследство на Босна и Херцеговина јасно сведочи за континуитетот на мултиетничкиот и мултирелигискиот живот – од средновековните државни формации, преку периодите на Отоманската империја и Австро-Унгарија, до рамноправната република во поранешна Југославија и современата независна држава. Во оваа традиција се втемелува и почитувањето на различностите, што го потврдува и односот на бошњачката заедница: во Сараево се наоѓаат бисти на папата Јован Павле Втори и Мајка Тереза, а за време на војната христијанските верски објекти не биле цел на уништување, за разлика од стотиците разрушени џамии од страна на српските и хрватските вооружени формации“.

„Тврдењата кои Приморац, Зовко и други хрватски политички актери ги пласираат за радикализација на муслиманите и „загрозеност“ на Хрватите не одговараат на фактичката состојба и реално им наштетуваат и на институциите и на самите Хрвати во земјата, претставувајќи ги како политички маргинализирана заедница иако тие имаат значајна улога во управувањето и процесите на одлучување. Регионалната стабилност не може да се изгради врз еднострани решенија, ниту преку етнички инженеринг. Неопходна е соработка меѓу сите заедници, институционална кохезија и поддршка од меѓународните партнери. Потребно е одлучно отфрлање на секој обид за политичко манипулирање со етничките тензии и наративите кои легитимираат поделби и дискриминација“, истакнуваат од Geopol.

Центарот за геополитички истражувања GEOPOL повикува на одговорност и прекин на кампањите што создаваат притисок врз Бошњаците со цел да се релативизира нивната политичка улога. Клучните одлуки во државата можат да се носат само низ дијалог и рамноправно учество, а евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина е заеднички интерес кој ги обединува сите граѓани.

Tags: БиХБошњациГеополХрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ