• Latest

Мигранти во центарот на партиска битка: Резолуција vs Контра-резолуција!

December 16, 2025
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мигранти во центарот на партиска битка: Резолуција vs Контра-резолуција!

December 16, 2025 13:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот судир околу мигрантите во Македонија достигнува врв: СДСМ поднесе резолуција против прифаќање мигранти, обвинувајќи ја власта за „национално предавство“, додека ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со контра-резолуција, тврдејќи дека се шири дезинформација и дека државата останува цврсто против нелегалната миграција.

Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) пред една недела обвини дека коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ договорила прием на мигранти од Велика Британија во замена за пари, што го нарече „национално предавство“. Опозицијата ја повика власта да ја потпише нивната резолуција, која експлицитно забранува носење мигранти.

Резолуцја на СДСМ

1. СЕ ЗАБРАНУВА ПРИФАЌАЊЕ НА ДЕПОРТИРАНИ ЛИЦА ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ, КАКО И ЛИЦА ЗА КОИ Е УТВРДЕНО ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ДА ОСТАНАТ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ – Собранието констатира дека Република Северна Македонија нема да прифаќа изградба на прифатни центри, станови, кампови или „хабови“ наменети за трајно или привремено сместување на мигранти депортирани од други држави (вклучително и Обединетото Кралство), кои немаат потекло од, или директна врска со нашата држава.

2. СЕ СПРЕЧУВА ТРГОВИЈА СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ – Се осудува секој обид за третирање на барателите на азил како предмет на финансиски трансакции помеѓу државите. Северна Македонија нема да биде дел од договори каде финансиската помош или инвестициите се условени со преземање на мигранти. Северна Македонија нема да прифати финансиски надомест или договор со ниедна држава во однос на преземање на мигранти. Тоа е спротивно на нашето достоинство како држава и спротивно на хуманиот третман на луѓето кои бегаат од војна и прогон.

3. СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ДРЖАВАТА НЕМА КАПАЦИТЕТИ И СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА – Државата не располага со социјални, економски и безбедносни капацитети за да стане центар за процесирање на азил за потребите на други, далеку побогати држави. Прифаќањето на таков товар би ја загрозило стабилноста и би предизвикало несогледливи последици за внатрешната социјална кохезија.

4. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЕУ, А НЕ БИЛАТЕРАЛНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ – Северна Македонија ќе ги следи и спроведува исклучиво заедничките политики на Европската Унија за миграција.

5. ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ – Собранието ја задолжува Владата веднаш да ги прекине сите евентуални преговори од ваков тип и во рок од 3 дена да достави целосен извештај до пратениците за сите комуникации остварени со Владата на Обединетото Кралство или други субјекти на оваа тема.

6. ПОВИК НА ЕДИНСТВО – Ова прашање е надпартиско и се однесува на иднината на државата. Собранието ги повикува сите политички чинители да се обединат околу овој став, штитејќи го достоинството на македонските граѓани, но и угледот на државата како субјект кој почитува правила, а не територија за туѓи експерименти.

7. Оваа резолуција ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ со контра-резолуција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, поднесоа т.н. „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Од таму додаваат дека резолуцијата содржи девет точки со кои јасно се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти, но и се воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека со оваа Резолуција потврдуваат дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти.

Ова се 9-те точки од кои се состои резолуцијата:

1.СЕ ОСУДУВА лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициските политички партии, со кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно постоење договори, политики или активности поврзани со прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови.

2. СЕ УТВРДУВА дека ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или трајни форми на сместување мигранти на територијата на општините во државата и дека такви активности не се и нема да бидат дел од владините политики.

3. СЕ КОНСТАТИРА дека ваквите дезинформации се шират свесно и континуирано, и покрај јасните и недвосмислени ставови на надлежните институции, со цел создавање паника, нарушување на јавната стабилност и остварување краткорочни политички интереси на сметка на безбедноста и спокојот на граѓаните, што е спротивно со правилата на поредокот меѓу кои Кривичниот законик, Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

4. СЕ ОТФРЛААТ и СЕ ПОНИШТУВААТ сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната Влада на Зоран Заев поврзани со создавање кампови за прием и нега на мигранти, кои беа спротивни на националните и државните интереси и ја изложуваа државата на безбедносни и општествени ризици.

5. СЕ ПОТЕНЦИРА дека меѓуетничките односи, стабилноста, толеранцијата и меѓусебното почитување се суштинска вредност на општеството и дека секое неодговорно политичко дејствување кое што може да ги наруши овие односи претставува сериозна закана за општествената кохезија.

6. СЕ ПОТВРДУВА определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право, при што ниту еден надворешен процес не смее да биде на штета на безбедноста и стабилноста на државата.

7. СЕ ПОВИКУВААТ сите политички субјекти и јавните чинители на одговорност во јавниот говор, почитување на фактите и воздржување од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат општествени тензии и да го нарушат јавниот ред и мир.

8. СЕ УТВРДУВА дека со оваа резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови и се воспоставува јасна, недвосмислена и непроменлива државна политика против нелегалната миграција.

9. ОВАА РЕЗОЛУЦИЈА стапува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе биде објавена во Службен весник.

Државата е поделена, партиите се обвинуваат, а мигрантите станаа заложници на политички битки. Во вакви услови, кој навистина ја штити безбедноста и угледот на Северна Македонија?

Д.Муратов

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ