• Latest

Кога власта ги брои децата, синдикалната борба станува лична мета – не е прашање кола туку порака

February 11, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога власта ги брои децата, синдикалната борба станува лична мета – не е прашање кола туку порака

February 11, 2026 14:36
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

„Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја е**м јас нивна комунистичка, нивна пе****ка“, ви текнува на оваа закана, изговорена од Мартин Протогер, како дел од објавените прислушкувани разговори во 2015 година? Реченица која тогаш ја згрози јавноста и остана како симбол на една политичка култура во која противниците не се напаѓаат само политички, туку се таргетираат и нивните семејства.

Денес, повеќе од една деценија подоцна, повторно сме сведоци на сцени кои отвораат непријатни асоцијации. По блокадата на Собранието од страна на ССМ и работниците, на социјалните мрежи се појави видео од претседателот на синдикатот, Слободан Трендафилов, споделено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Во видеото се гледа како тој ги зема своите малолетни деца од училиште.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, стои во објавата, проследена со пораката: „Популизам на најјако додека синдикалецот Трендафилов бара пратениците да одат пешки, тој се развезува со службена кола“, стои во објавата на Стојаноска.

Не се знае од кога потекнува видеото и кој го има направено. Но, фактот дека е снимен со своите малолетни деца отвора сериозни дилеми. Се отвара прашаето дали ваквото следење е пракса за неистомислениците на власта или станува збор за изолиран инцидент? Самото снимање и јавно објавување на моменти со деца создава впечаток на притисок, односно порака дека приватноста може да стане колатерална штета во политичка пресметка.

Премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека протестите за минималната плата предводени од Трендафилов, очекува да продолжат, затоа што, според него, има политичка позадина…

„Злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци работниците кој ги води, кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси…“, рече премиерот.

Кога власта протестот го прогласува за политички инструмент, а не за социјално барање, таа суштински го делегитимира правото на работнички отпор. Со тоа, фокусот од барањата за повисока минимална плата се префрла на дискредитација на личноста што ги артикулира тие барања. Наместо аргументи за тоа зошто не може или може да има зголемување, јавноста добива политичка етикета – „политичка позадина“, „манипулација“, „злоупотреба“.

Првиот синдикалец Трендафилов и возврати на власта дека нема да поклекне и покрај заканите и нападите.

„Мојата плата за која се грижат толку изнесува, таа е 57 илјади денари. Можат да ме следат, прислушуваат, уценуваат, напаѓаат и да ми се закануваат, но, нема да потклекнам и нема да се предадам… Министерот за внатрешни работи и Обвинителството треба да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојаноска… Нормална влада во нормална држава паѓа за вакви работи“, нагласи Трендафилов.

Тој јавно го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дали службите го следат него и неговите деца и најави дека ќе ги извести амбасадите, делегацијата на ЕУ и меѓународните синдикати.

Прашањето што останува да виси во воздухот е – дали повторно се враќа атмосфера во која критичарите на власта, особено оние што бараат повисока минимална плата и организираат протести, се ставаат под лупа не само политички, туку и приватно? Дали наместо социјален дијалог гледаме стратегија на притисок и заплашување?

Никој не тврди дека ситуациите се исти како во минатото. Но, колективната меморија е жива. И кога во политичка пресметка ќе се вмешаат деца, тогаш сомнежот станува погласен од било која партиска изјава. Во демократско општество, борбата за минимална плата треба да се води со бројки и аргументи – не со камери вперени кон семејствата. А кога во политичката пресметка ќе се вмешаат деца, тоа веќе не е дебата. Тоа е порака.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ