• Latest

РЕАКЦИИ: Граѓаните една година по Кочани со пресуда за системот – се прави политика врз грбот на децата

March 17, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Граѓаните една година по Кочани со пресуда за системот – се прави политика врз грбот на децата

March 17, 2026 09:51
in ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Една година по трагедијата во Кочани, наместо чувство дека нешто е научено и променето, во јавноста доминира горчливо сознание – сè останало исто.

На ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Една година по трагедијата во Кочани. Што научивме и што мора да се промени? што ЦИВИЛ го поставува секој работен ден повеќе од една и пол година, коментираа околу 40 луѓе.

Во реакциите на граѓаните се чувствува гнев, разочарување и длабока недоверба. Пораката што најчесто се повторува е едноставна, но тешка:

Ништо не научивме, ниту нешто се промени, ниту ќе се промени.

 Граѓаните потсетуваат дека ветувањата дадени по трагедијата не се реализирале.

„Ветуваа дека ќе го рестартираат Центарот за изгореници – тиква ни со прст не мрднаа“, пишува еден од нив.

Во нивните зборови се огледа перцепцијата за селективна правда и избегната одговорност:

Вината се конструира, а вистинските виновници сè уште седат во фотелји.
Сите невини, а виновникот го нема.

Но, уште поалармантно е чувството дека опасноста не исчезнала – туку продолжува да биде дел од секојдневието. „Живееме на буре барут“, предупредуваат граѓаните, опишувајќи реалност во која „во гаражи се чуваат бензини“, а „објекти работат без услови“. Од зградите во кои живеат, до локалите во кои излегуваат – правилата, велат, постојат само на хартија.

Во ваков контекст, трагедијата не се доживува како изолиран случај, туку како симптом на подлабок проблем.„Системот е трул и треба радикално да се промени“, гласи една од пораките. „Корупцијата владее, безбедноста не е приоритет“, додава друг граѓанин.

Гневот дополнително се засилува од перцепцијата дека трагедијата станала дел од политичките пресметки:


Партиите газат врз трагедијата за да задржат функции.
Се прави политика врз грбот на децата.

Иронијата и сарказмот се исто така дел од јавниот дискурс, па еден граѓанин вели дека видовме невидено – Македонија поефикасна од Швајцарија, алудирајќи на официјалните наративи што не кореспондираат со реалноста.

Сепак, најсилниот тон останува оној на болка и емпатија. Во дел од реакциите се појавуваат и повици за системски пресврт и европеизација но, и овие пораки се изговорени повеќе како надеж отколку како уверување. Според доминантното расположение, заклучокот на граѓаните е веќе донесен:

Изгледа ништо не научивме.

ЦИВИЛ им благодари на сите што коментираат на редовното прашање на денот, но повикува и на вклучување со предлози за теми, прашања и активности. Организацијата и редакцијата на медиумската платформа, како и секогаш, ќе вложи напори да им излезе во пресрет на сите предлози.
Подготви: Б. Јордановска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ