• Latest
Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

РЕАКЦИИ: Кредит, Груевски и нови долгови – граѓаните критични за посетата на Мицкоски во Будимпешта

April 1, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

РЕАКЦИИ: Кредит, Груевски и нови долгови – граѓаните критични за посетата на Мицкоски во Будимпешта

April 1, 2026 14:07
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на Христијан Мицкоски на Будимпешта и средбите со унгарскиот премиер Виктор Орбан отворија лавина реакции на социјалните мрежи. На ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што ќе ни донесе Мицкоски од Будимпешта? што ЦИВИЛ го постави на Фејсбук , над 400 граѓани коментираа во најголемиот дел со изразено негативен тон и недоверба.

Најчеста перцепција меѓу граѓаните е дека посетата ќе резултира со ново задолжување:

„Само кредити и тие деца што не се родени ќе треба да го плаќаат тој кредит.“
„Уште една милијарда кредит.“
„Кредит и задолжување… ништо добро за Македонија.“

Дел од коментарите алудираат на можни финансиски договори со странски партнери, вклучително и Кина, како и на зголемување на јавниот долг.

Името на поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија во 2018 година, е меѓу најспоменуваните во реакциите:

„Освен Грујо, ништо друго нема да му дадат.“
„Прво кредит, па Орбан.“
„Грујо ќе го донесе.“

Некои корисници одат чекор понатаму, шпекулирајќи за можни политички договориво зависност од исходот на изборите во Унгарија на 12 април:

„А после 12-ти април, можеби ќе треба на Орбан да му го возвратат гостопримството со давање азил.“

Иако ваквите тврдења немаат официјална потврда, тие ја отсликуваат длабоката поларизација и недоверба во јавноста.

Граѓаните во коментарите ја поврзуваат посетата и со економските состојби во земјата:

„Од први април поскап леб, јајца, масло, шеќер…“
„Само пониски плати, пензии, здравство нула, судство корумпирано.“

Во овој контекст, дел од реакциите ја користат посетата како повод за поширока критика на економските политики и животниот стандард. Дел од коментарите се однесуваат и на можни геополитички последици:

„Блокада во ЕУ од Орбан.“
„Продадени медиуми и дефицит на демократија.“
„Уште долгови кон Кина.“

Овие ставови ја рефлектираат перцепцијата дека приближувањето кон политиките на Унгарија може да влијае врз евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Посетата на Мицкоски на Будимпешта доаѓа во период на засилени политички и економски предизвици, како и во услови на блиски односи меѓу дел од десничарските партии во Европа. Виктор Орбан важи за контроверзен лидер во рамки на Европската унија, често критикуван за политики поврзани со владеење на правото и медиумските слободи.

Истовремено, Унгарија претходно одигра клучна улога во случајот со Никола Груевски, што дополнително ја засилува чувствителноста на јавноста околу секоја политичка релација меѓу Скопје и Будимпешта.

ЦИВИЛ им благодари на сите што коментираат на редовното прашање на денот, но повикува и на вклучување со предлози за теми, прашања и активности. Организацијата и редакцијата на медиумската платформа, како и секогаш, ќе вложи напори да им излезе во пресрет на сите предлози.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ