Пишува: Џабир Дерала
Со години пишувам и говорам за руското влијание во Северна Македонија – со имиња, со факти, со конкретни примери. Но, можеби најопасниот дел од таа операција е токму нејзината „невидливост“.
Гмечење на државата
(целосна анализа)
Неколку пати во изминативе години се служам со цитатот – „Најдобриот трик на ѓаволот се состои во тоа да те убеди дека не постои“, вели Кајзер Созе, кого го толкува Кевин Спејси во „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects). Овој, инаку цитат од Шарл Бодлер, може најсоодветно да се аплицира на начинот на кој функционираат руските оперативци чија база е во близина Соборниот храм и се нарекува Амбасада на Руската Федерација.
За руските операции на влијание да бидат невидливи сите овие години се погрижија разни политичари од сите партиски и идеолошки бои, но уште повеќе за тоа се грижеа медиумите и креаторите на јавното мислење, академијата и невладините фолиранти кои со европско знаменце и европско-американски милиони одработуваа(т) за Кремљ, некои несвесно, а некои сосема свесно и наменски.
Долго време трае кампањата против мене и ЦИВИЛ, каде што со негативен, а често и подбивен тон, некогаш со директно именување, некогаш со инсинуации, се тврди дека ние не сме во право и дека „руско влијание не постои“ или дека е незначително. Руската пропагандна чизма одамна гази низ македонското општество, во политиката, економијата, образованието, безбедноста, одбраната, културата и црквата. И да не заборавам – транснационалното криминално подземје. Кога велам одамна, тоа значи со децении. Тоа е долга игра, својствена на руските пропагандни стратези со најмалку еден век искуство во градењето на она што се нарекува Потемкиново село.
Своевремено, завршив и на суд по тужба за клевета од еден претседател на партија сега застапена со шест пратеници во парламентот затоа што напишав дека се руски пиони. За потоа, по почетокот на целосната руска инвазија против Украина, тој истиот јавно да ја поддржува инавзијата. Во меѓувреме, поточно, уште од Шарената револуција наваму, неговите партиски тролови се будеа и заспива со моето име и називот на организацијата во која работам 27 години. Се работи за Димитар Апасиев, шефот на Левица.
Прочитајте ја целата анализа: Гмечење на државата
© Xhabir Deralla, 2026. Licensed under Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0).












































