• Latest

Најопасната измама е онаа што не ја гледаме

April 5, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Најопасната измама е онаа што не ја гледаме

Од Шарл Бодлер до денес: Како исчезнува способноста да се разликува лагата од вистината, доброто од злото, демократијата од авторитарното владеење. 

April 5, 2026 20:02
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИСТОРИЈА, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Како што напишав и во Гмечење на државата, има еден цитат што го користам повремено, па би сакал да му обрнам посебно внимание тука. Можеби ќе помогнам и да се разбере подобро, а во деновите кога се слави Велигден, можеби некој и ќе извлече некаква поука од тоа. Се разбира, ова е универзална мисла по својата природа, може да им помогне на сите луѓе, од сите вери, вклучително и паганите, но и агностиците и атеистите. Затоа што, постојат мисли што опстојуваат низ вековите, не затоа што постојано се повторуваат, туку затоа што постојано се покажуваат како точни.

Една од тие мисли ни ја остави во наследство мојот омилен Шарл Бодлер (Charles Baudelaire). Во неговото поема во проза „Дарежливиот коцкар“ (Le Joueur généreux) од неговата прочуена збирка „Париски сплин“ (Le Spleen de Paris), овој гениј на зборот и стихот, во само една единствена реченица, ја опишува суштината на една од најмоќните форми на измама:

« La plus belle des ruses du diable est de vous persuader qu’il n’existe pas. »
„Најубавата измама на ѓаволот е да ве убеди дека не постои.“

Интересен е изборот на зборот belle – „убава“, за да се опише измамата на ѓаволот. Тој не вели „големиот“, „подлиот“ или „ужасниот“. Не, тој вели прекрасниот, убавиот – превод од францускиот збор belle. Тоа секако има врска со естетизацијата на злото, во случајов, ѓаволот во уметноста. Ѓаволот во естетиката на Бодлер е поврзан со заведливоста, фасцинацијата и убавината, но и со корупцијата на духот и распаѓањето на моралот. И – за да ги постигне сите свои цели, да ја искористи сета своја моќ – на ѓаволот му е потребно да исчезне, да биде невидлив, да биде негиран.

Овде не се работи за обична или груба лага, туку за длабоко и деликатно обмислена измама. Токму во тоа е поентата. Најопасната измама не е груба и видлива, туку префинета, привлечна и убедлива – доволно „убава“ за да биде прифатена без отпор.

Повеќе од 130 години подоцна, оваа мисла ќе ја сретнеме во незаборавниот филм „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects, 1995), кога Кајзер Созе (Keyser Söze) кого го толкува Кевин Спејси, ја изговара познатата реплика:

“The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn’t exist.”
„Најголемиот трик на ѓаволот беше да го убеди светот дека не постои.“

Но самата идеја за „невидливоста“ на ѓаволот е уште постара и од поемата на Бодлер. Историските извори потврдуваат дека протестантските и квекерските текстови од раниот и средниот 19 век, како на пример, Џон Вилкинсон (John Wilkinson) во 1830-тите и Вилијам Рамзи (William Ramsey) во 1850-тите пишуваат слични предупредувања, дека злото делува најефикасно кога не е препознаено или кога се негира.

Овие размислувања најчесто се формулирани во теолошки и морални рамки – сè уште без книжевната, неприкосновена естетска димензија што ѝ ја придава Бодлер.

Тука е моментот кога историјата и книжевноста ќе ги напуштиме и ќе го ставиме сето тоа во еден поинаков, современ и многу реален контекст. Да прејдеме од литературата кон тоа што оваа идеја може да значи во доменот на стратегијата на хибридните операции во денешно време.

Некогаш, па и не така одамна, лагата и злото мораа да се кријат. Денес – не мора.

Најефективната манипулација не е онаа што се крие, туку онаа што ја брише самата идеја дека постои манипулација. Ако луѓето се убедени дека нема скриени намери, нема пропаганда, нема координирано влијание – тогаш ништо не треба да се прикрива.

Парадоксот на нашето време е едноставен. Што е повидлива лагата, толку полесно може да се негира, особено ако контекстот е контролиран. А тоа се постигнува со контрола на наративите. Станува збор за комплексни комуникациски системи кои се вградуваат во постојните општествени, јавни, политички, културни, па и безбедносни структури. Тие се систем во системот, наменет за негово разјадување одвнатре.

Во информациската војна и психолошките операции, целта веќе одамна не е да се убеди некој во нешто. Целта е да се создаде шум, конфузија и парализа. Да се преплави јавниот простор со толку многу верзии на „вистината“, што вистината и фактите ја губат својата вредност. Или може да станат предмет на дебата, па и преговори.

Живееме во време кога деструкцијата и злото се претставуваат како „здрав разум“ или „алтернативно мислење“. Ѓаволот во поемата на Бодлер или репликата на Кајзер Созе се крие зад бескрајното повторување на пораките додека тие не станат нешто нормално, општо прифатено, без оглед на тоа колку таа е лажна и штетна. Или постепена интоксикација на општеството со лаги, иронија и цинизам кон сѐ.

Тој „ѓавол“ не бара потврда. Не бара ни да се верува во лагите. Само сее сомнеж. А сомнежот, кога е насочен и контролиран, станува моќно оружје.

Крајната фаза не е измамата – туку нормализацијата. Кога лагите стануваат секојдневие, тие престануваат да се препознаваат како лаги. Кога манипулацијата станува рутина, таа престанува да предизвикува отпор. Она што некогаш било неприфатливо, сега е „вообичаено“. Фактите и вистината не исчезнуваат. Исчезнува способноста да се разликува лагата од вистината, доброто од злото, демократијата од авторитарното владеење.

Затоа, мислата на Бодлер ни оддалеку нема само книжевна вредност. Еден и пол век подоцна, таа звучи како предупредување повеќе од кога и да е порано.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ