• Latest
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026 09:35
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Исланд со децении успешно балансираше меѓу Европа и независноста. Иако географски и културно е дел од Европа, оваа островска држава никогаш немаше силна желба да стане членка на ЕУ. Главните причини беа зачувувањето на суверенитетот и контролата врз рибарството — една од најважните економски гранки во земјата.

Но, според анализа на Њујорк Тајмс, глобалните безбедносни промени и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд предизвикале сериозен пресврт во расположението на Исланѓаните.

Премиерката Криструн Фростадотир изјавила дека „кризата околу Гренланд удрила во чувствителна точка“, особено по шпекулациите и коментарите од американски политичари кои ја довеле во прашање безбедноста и стабилноста на регионот.

Исланд, кој има околу 400.000 жители, сега се движи кон можен референдум уште во август, на кој граѓаните би се изјасниле дали земјата да започне официјални преговори за членство во ЕУ.

Доколку граѓаните дадат зелено светло, процесот би траел со години и би завршил со ново гласање за конечен договор со Унијата.

Самото отворање на ова прашање претставува голема промена во исландската политика, бидејќи со години мнозинството граѓани беа скептични кон полноправно членство.

Исланд нема сопствена армија и традиционално се потпира на НАТО и на безбедносниот договор со САД. Но, според аналитичарите, сè поголемата неизвесност околу иднината на НАТО и американската политика ги тера Исланѓаните да размислуваат за дополнителни безбедносни гаранции.

Иако ЕУ не е воен сојуз, европските држави сè повеќе разговараат за заедничка одбрана, особено по руската инвазија врз Украина и растечките геополитички тензии.

Во март, Исланд веќе потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, што многумина го гледаат како чекор поблиску до членство.

Њујорк Тајмс оценува дека Исланд не е единствен. По руската инвазија врз Украина, Шведска и Финска се приклучија на НАТО, а и во Норвешка повторно се отвора дебатата за членство во ЕУ. Во исто време, Гренланд се доближува до Данска, а Фарските Острови ги стопираа разговорите за поголема автономија.

Извор: Њујорк Тајмс

Подготви: Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ