• Latest

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026 16:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала 

Кијив, 23 јули, 6:30 часот наутро

Дел од новинарките и новинарите што известуваат од првите борбени линии избегнуваат да ја носат ознаката PRESS, бидејќи таа може да им донесе дополнителен ризик. Да бидам попрецизен, таа ознака може да им донесе смрт.

За руските оператори на FPV-дроновите (first-person view) новинарите се мета со висока вредност (high-value target), како и медицинскиот персонал на фронталните линии.

„За агресорот, ние не сме само обични известувачи од фронтот. Ние сме тие што ја документираат војната и воените злосторства.“

Тоа го кажаа неколку новинарки и новинари на тркалезната маса што за нас ја организираше Националната унија на новинарите на Украина, вчера во Кијив. Повеќе од дваесет најпознати новинарски имиња во украинските медиуми говореа за незамисливо тешките услови за работа на линиите на фронтот и во населените места по линијата на фронтот во земјата.

Агресорот, не само што не ги почитува меѓународните конвенции, туку намерно ги таргетира новинарите.

Повод беше посетата на делагацијата на Медиа дијалог 2026, предводена од д-р Волфганг Ресман, а во чиј состав е првиот човек на Унијата на новинарите на Германија, Мика Бојстер, и јас како претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Северна Македонија и генерален секретар на меѓународната организација Нов европски граѓански форум со седиште во Берлин.

Според последните проверени податоци, најмалку 28 украински новинари и медиумски работници сè уште се во руско заробеништво. Од почетокот на целосната руска инвазија загинале најмалку 152 новинари и медиумски работници. Од нив, 21 загинале при директен напад врз нив за време на извршување на професионалните задачи, 10 се заведени како цивилни жртви, а 121 како новинари во состав на украинските сили за одбрана. Една од најтрагичните жртви на рускиот агресор е новинарката Викторија Рошчина, чиј случај ќе остане запаметен како илустрација за неискажлива бруталност на рускиот агресор.

Меѓу другото, јас говорев за случајот на новинарот Вилен Темерјанов, кој се наоѓа во руски воен затвор во Ростов на Дон, откако беше уапсен во август 2022 година додека вршеше новинарски задачи на окупираниот Крим.

Поголемиот дел од вчерашниот ден и изминатата ноќ поминаа мирно, без воздушна тревога — за разлика од ноќта и утрото претходно. Над Кијив не се огласи продорниот звук на сирените.

Предупредувањето за опасност од напад со балистички ракети останува во сила. Веќе е познато дека на балистичките ракети им се потребни само неколку минути да стигнат до целите оддалечени илјадници километри. Во случај на напад со балистички ракети, тревогата се крева само неколку минути пред ударот, а некогаш дури и доцни.

Затоа, никој овде не ја меша тишината со безбедноста. Но никој не се потресува. Нема паника.

Денот продолжува. Кијив продолжува, пркосен и слободен.

Верувам дека токму тоа е најголемиот ужас за агресорот… Самата помисла на слободата.

 


Creative Commons 4.0 | Дозволено преземање со атрибуција и линк | CIVIL MEDIA


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ