Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, по новиот масовен руски напад врз Украина порача дека противвоздушната одбрана е потребна пред следниот напад, а не по нова трагедија.
„Ноќеска рф повторно ги претвори украинските градови во цели. Балистички и крстосувачки ракети, дронови — нападот беше подготвен на тој начин што ќе им нанесе максимална штета на цивилите. Најмалку 12 загинати, десетици повредени. ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад“, напиша Дир на платформата X.
Ноќеска рф повторно ги претвори украинските градови во цели. Балистички и крстосувачки ракети, дронови—нападот беше подготвен на тој начин што ќе им нанесе максимална штета на цивилите. Најмалку 12 загинати, десетици повредени. ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад. pic.twitter.com/O3mGYF0T93
— Larysa Dir (@dir_larysa) August 20, 2026
Агресорот, во ноќта меѓу 19 и 20 август, изврши повеќечасовен напад врз Кијив и околината со ракети и беспилотни летала. Според утринските извештаи на украинските власти и меѓународните агенции, бројот на загинати се искачи најмалку на 12, а повеќе од 30 лица се повредени. Associated Press подоцна јави за најмалку 14 загинати во Кијивскиот регион.
Нападот предизвика пожари, оштетувања на станбени и други цивилни објекти, а локалните власти јавија и за оштетена детска болница. Украина со месеци предупредува дека недостигот од противбалистичка одбрана и ракети-пресретнувачи, особено за системите Patriot, ја остава цивилната инфраструктура изложена на нови руски удари.
Пораката на Дир ја сумира суштината на украинскиот апел: ПВО не е прашање за „после“ нападот, туку средство за спречување на следната трагедија. Украина бара повеќе системи за противвоздушна и противбалистичка одбрана, повеќе ракети-пресретнувачи и посилен меѓународен притисок врз руската воена машина.
Б. Ј.












