• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026 08:59
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Зошто нема решенија за нашите проблеми? Преголеми се за да се најде оптимално решение? Очекувањата ни се преголеми? Или за изнаоѓање на решенија кои ќе ги подржи мнозинството на граѓани нема политичка гарнитура која тоа може да го предложи и изнесе решението до крај?

Одговорите на сите овие прашања се услов за опстанок и развој на нашата заедница. И повторно одговорноста ја гледам во граѓаните кои не успеваат да исчекорат од состојбата поданици на власта кон активни и одговорни членови на заедницата. Ако е за утеха, сите народи на Балканот имаат слични проблеми. Никако не сакаат да понесат одговорност за својот избор на политички претставници свивајќи ја главата пред партиската моќ, наместо да ја подигнат како носители на правото за избор, како носители  на суверенитетот на државата.

Неделава помина во разни анализи и тупи и неинвентивни партиски соопштенија за состојбата со економијата во државата. Просто човек не може да поверува, колку работи кои се периферни, кај нас се причина за анализи и партиски препукувања. Порано мислев дека се работи за неинвентивност на пропагандните одделенија на најголемите партии. Сега тврдам дека, всушност, тоа е нивната политика во основа.

Да се зборува за промени, а ништо суштински да не се менува.

Да се зборува за реформи, ама да се остане на истите позиции кога треба да се користи власта и државниот буџет како единствен ресурс за одржување на коруптивниот систем кој одамна требаше да биде сменет.

Колку проценти ни пораснал БДП и колку е намалена инфлацијата, па анализи, па заклучоци кои одат дотаму што нѐ ставаат во врвот на Европа според економските статистички параметри. Се прашувам, господа политичари, ви станува ли барем малку нелагодно кога изговарате вакви заклучоци ? Добро знаете дека е ПР и дека треба да привлече внимание следните неколку дена. И вие и ние знаеме дека е така. Малку барем за миг ви се стегнува ли грлото кога изустувате нешто за кое знаете дека не е вистина.  Ако не ве стегне во грлото, тогаш ни нема спас и вам и нам.

Статистиката е математичка операција која низ споредбени постапки ја покажува разликата меѓу два периоди изразени низ бројки. Како податок и помагало во креирањето на економските политики е нужна, но не е замена за економските модели и закони кои треба да го поттикнат конкурентното производство на домашен и надворешен пазар. Поедноставно – здравје.

Неинвентивноста и незнаењето во спроведувањето на економски политики кои ќе ја придвижат економијата се огледува во постојаното обвинување на претходната власт како изговор. Па ако беше добра таа власт немаше граѓаните да гласаат против неа! Министерката за финансии веројатно не сакајќи ја опиша состојбата со буџетот тврдејќи дека за редовни расходи ќе има пари, ама за поголеми вложувања и преземање на големи буџетски обврски пари нема. Ова е за почитување заради љубителите на статистиката и игрите околу неа. За да се вложат пари во енергетски капацитети кои ке донесат поголема енергетска сигурност на државата засега пари – нема.

Да, можеме да се задолжуваме, но цената на тие кредити за нас станува сѐ поголема и ја става во ризик нашата солвентност. Нема економија која стабилно пораснала потпирајќи се само врз кредити. Ако нема реален раст, кредиторите ќе чукнат на вратата, а тогаш да бидеме спремни за раскрчмување на ова малку што остана како државна сопственост.

Јавните претпријатија се веројатно првата цел на оваа операција. Потребата од нови политики во земјоделието е толку евидентна ама мноогу тешко изводлива. Може да стане министер за земјоделие и Фергусон, ама со вакви интереси на разни моќници поврзани со субвенциите и увозот на храна, ниту тој ниту сите реформатори од земјоделието нема да постигнат поголем успех.

Нашите производители ниту знаат, ниту сакаат да бидат дел од слободниот пазар на земјоделски производи. Тие знаат да произведуваат земјоделски производи и чекаат државата да им ги осигури цените и пласманот. Исто како кај политичката поделба на поданици и граѓани. Од државата очекуваат заштита и извесност, а за возврат тие излегуваат на гласање. Едноставна равенка со една непозната. Ете ниту тоа не успеа државата да го реши. Не успева или не сака е дилемата која виси над овој проблем.

Загрижувачки е што во оваа влада нема министер со кој може барем да се расправа за економските политики и резултатите од нив. Општо надлежен е премиерот и за економија и за политика и за безбедност и за надворешна политика. И за празник и за делник надлежен е – Премиерот. Владата е колективен орган со свои овластувања и одговорности пропишани со устав и закон? Изгледа кај нас не ѐ така па зошто тогаш очекуваме реформи во правосудството?

Тешко со ваков менталитет на семоќен и општо сезнаен лидер. Ако може да врши работа за пет шест министри, па зошто да не настапува и во името на министерот за правда или како носител на реформите во правосудството. Имавме таков премиер што го отвораше судството како пупка, ама тоа се разви во цвет, па си пушти семе и се развија нови садници па сега си цветаат со цветови од никого откинувани. Можеби и се планирани за голем букет на споменикот на Македонија на 35 години независност. Се плашам само да не бидат дел од некој погребален венец на олтарот на татковината.

Упсс, заборавив да напишам неколку реда за дилемата дали ќе има избори.

Сметам дека ќе има следната година затоа што, ако нема избори ќе мора да се дадат одговори за дилемите и прашањата кои ги набројав  на почетокот на овој текст. Заблудата на денешните политичари дека умртвениот и депримиран народ по стоти пат ќе го превеслаат со лажни ветувања – ќе се разбистри од резултатот од изборниот ден.

Малку нека прошетаат по пазарот, по маркетите, наместо да седат по кафичите и пуштаат соопштенија на ФБ заштитени од партиските ботови и исфрустрирани иселеници, ќе видат дека времето не работи нити за партиите на власт ниту за опозицијата. Нема да им отворам очи како што вели еден мој умен продавач на земјоделски производи  на штипскот пазар.

„Не им отварај очите оти ако прогледаат ќе нѐ јаваат уште два мандати“.

Тешко нам штом нѐ водат оние на кои треба да им отвораш очи.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ