Љубомир Костовски
На затворањето на трибината посветена на Денот на независноста што се одржа во дворот на претседателската палата, организаторката ја заврши дискусијата со зборовите „за да се постигне вистинска демократија се потребни 60 години“.
Јас се согласувам со тоа – нам можеби ќе ни требаат и 200 години, особено со вакви дискутанти чиј дел се апсолутно виновни што не влеговме веднаш во 1991 година во ЕУ, после оценката на Бадинтер, туку сега чекаме 35 години и далеку сме од тој датум.
Оној кој најдолго зборуваше (читаше!) со неговото знаме од Кутлеш – Тодор Петров (сам се истакна како заслужен за наметнување за државен симбол). Па да, после тоа скандалозно наметнување на симбол од кој нѐ делат два милениуми, самиот Бадинтер само ги подигнал рамениците и продолжил да го јаде колачот на Конференцијата за Југославија. По кој критериум е викнат тој на овој собир си знае кабинетот на претседателката како и некои други маргиналци (Ламбе Арнаудов на пример). Или Ѓулистана Марковска, за да има барем една гостинка (!) или како пример на оние кои скокаа од партија на партија?
Да ја потсетам организаторката дека една Германија по 12 години диктатура многу брзо се подигна на нозе и воведе демократија која постои повеќе од 70 години! Може да ги земеме и другите европски земји. Или не се тоа демократии? Какви импровизации слушаме од иста адреса! И што ни останува сега, кога таа ги оправдува потрошените 35 години – да поминат уште 25 години па да речеме – доста беше!
Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА












