Повеќе пристапност, повеќе можности – за сите. Ова е клучната порака по повод 15 Октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, кој потсетува на правото на самостојност, слободно движење и достоинствен живот на слепите лица и лицата со оштетен вид.


Според Светската здравствена организација (СЗО), најмалку 2,2 милијарди луѓе во светот имаат оштетување на видот на близина или далечина. Кај најмалку една милијарда од нив, оштетувањето можело да биде спречено или сè уште не е соодветно третирано.
Во Северна Македонија, пристапните тротоари, звучната сигнализација, инклузивното образование, еднаквите можности за вработување и дигиталната пристапност мора да бидат дел од секојдневната практика, а не само од институционалните декларации.
Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост ги обврзува државите да создаваат услови за еднакво учество на сите граѓани.
Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови. Повеќе пристапност, повеќе можности – за сите.
Редакција ЦИВИЛ МЕДИА
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












