• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

Може Мицкоски да се обиде да си прави политички профит од победата во Брвеница, која е само врзана за првиот круг на изборите во таа општина, но треба да знае дека тоа е само одраз на неизлегувањето на повеќе од половина од гласачкото тело на гласање! Шефот на ВМРО-ДПМНЕ само се удрил од ѕидот на отпорот кој се манифестира со неактивност на населението

October 20, 2026 11:37
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Во еден текст на уважениот бугарски професор и политички коментатор  Евгениј Дајнов амбиентот за време на гласањето во неговата земја го нарекува мочуриште, како опис на една пасивност која не се помрднува покрај низата обиди за изместување на јавното мислење во поактивна супстанца. Дури, нели, и со чести и масовни демонстрации во насока на промени, главно во главниот град, што даваше привид дека дошло времето да не биде сѐ исто како што е веќе долго време во земјата.

Исходот на гласањето постојано беше таков што просто не можеше со години да се формира стабилно парламентарно мнозинство, бидејќи, резултатот постојано се повторуваше, а најмалку половина од гласачите притоа си седеа дома и не ни помислуваа да се довлечкаат до гласачките кутии.

И така, се создаде некакво мочуриште каде пасивноста го обликуваше амбиентот кој треба да се окарактеризира како демократски и плуралистички.

А дали е таков? – се прашуваме и ние тука, кога гледаме како почетниот ентузијазам за гласање што постоеше после референдумското изјаснување за независност, полека се топеше интересот за обликување на стварноста преку партиските понуди. И веќе последните години се одржува како израз на една најстабилна групација на граѓани која неделата ја смета само како време кога треба во пантофли да се седи пред телевизорот и да ја користи евтината струја за завршување на разни потреби во домаќинството.

Ние се имаме сериозно заразени од тој бугарски синдром кој, пак, не може да има целосно идентичен историски контекст!

Дајнов своевремено процени дека кога честите, изнудени избори не даваа стабилно парламентарно мнозинство, бугарскиот граѓанин кој во полувековното живеење во комунизмот едноставно морал да излезе да гласа под будното око на системот, демократијата ја сфаќа како ослободување од таа обврска. Но тука, ние би додале, во пасивноста кон избирачкото право има секако и друго согледување – разочараноста од фактот дека стабилноста во сиромаштија во земјата, се претворила во нестабилност во истата таа сиромаштија, кога капиталот го презедоа поранешните НКВД-овци. И кога граѓанинот остануваше без автомобил додека чекаше на крстосница на запалена црвена светилка на семафорот, а некои непознати гангстери ќе го истуркаа од седиштето и ќе заминеа со неговиот „најдрагоцен“ имот (ова им се случуваше и на нашите граѓани кога одеа во таа земја).

Практично, од наша гледна точка фактот што на сите избори, па и на оние што ќе се случат во недела, на 25 октомври, кога Бугарите треба да изберат претседател и потпретседател на државата (во двојка), фаворитите се одново исти.

Тие се помалку или повеќе претставници на старите проруски гарнитури, на кои ништо не им значи ЕУ, која е извор само на бесплатни грантови. Да не заборавиме дека по влезот во Унијата Бугарија од земја со околу 9 милиони жители се симна на само 6 милиони, па оние „проевропските“ потенцијални гласачи сега евентуално гласаат во земјата на егзилот. Во земјата останаа оние кои сакаа да опстане тињата на непромената и само така може да се сфати и замаеноста од личноста на Путин, која ја држи и претседателката Јотова (кандидат и на изборите во недела), премиерот Радев и така натаму.

Навидум постои некаков плурализам во понудата, дури и отповеќе. Регистрирани се 27 кандидатски двојки за претседател и потпретседател. Покрај Јотова, поддржана од левичарската партија Прогресивна Бугарија, тука е и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров, поддржан од наводни либерални, проевропски опозициски партии. Меѓу другите кандидати е и Костадин Костадинов, лидер на десничарската, евроскептична партија Преродба. Но таа шареноликост на понудата секако не е импресивна ако граѓанинот во поголем број не сака да партиципира во изборот. Се одбира „партијата“ на лежерноста и индиферентноста за здравиот амбиент, што би се добил само преку проветрување со свежи идеи и активности и би му давал некаква смисла на системот.

Ова секако, како паралела, важи и за гласањето на локалните избори во Брвеница во неделата. Аналитичарите на овие избори по малку се измачуваат вртејќи се во еден круг кој практично претставува само 46 отсто од гласачката маса во општината! Тоа е она – што е вистински индикатор, каде сме во однос на користењето на гласачкиот потенцијал и – што е најважно – зошто оваа масовна апстиненција станува и наше обележје. Многу слично, ако не и идентично со бугарските визури за излезноста кои траат многу подолго отколку кај нас, само што ние сега како дел од  „помлада“ појава треба да си го ставиме прстот на чело!

Според актуелен текст на Емилија Целаковска на оваа тема, а која се повикува на размислување на професорот Љубомир Фрчкоски „имаме докажување на граѓанска послушност во услови кога власта е лоша, граѓанинот знае дека е лоша, власта знае дека граѓанинот така смета и со тоа власта се релаксира, останувајќи на прилично ненапорна пропаганда за продлабочување на пасивноста (кај некого пасивноста е последица на депресија, но кај некого е избор на помалку суицидална стратегија)“. Да не должиме околу ова, Фрчкоски, меѓу другото, смета дека имаме „немотивиран човек, којшто, пак, како што замислува ex ante (и истото го преточува во пракса), не учествува во последицата“. Или се избира власта преку пасивноста.

Оттаму говоранциите на Мицкоски, тие мали скечеви во неделата навечер после изборите или во понеделникот напладне (негов традиционален термин кога не ги гледаме прашањата на новинарите, ама ги имаме само одговорите) зборуваат за некаков триумфализам кој е само лушпа во која ја нема содржината.

Имено, таа негова оценка значи истовремено дека тој во најмала рака и не е сигурен што мисли за неговата политика гласачкото тело (53 отсто), ама е сигурен дека нема да биде во некаков активен отпор кон власта. Ги пренебрегнува дури и ефектите на таа ситуација во вториот круг, кога може да сметаме дека отсуството на мотивација може да го оддалечи од градоначалничкото место. Ова посебно по јавните прокламации во двете главни албански партии за заедничко гласање, плус поддршка од трета страна, од Таравари. А нема некаков коалициски потенцијал. Сега и без поразениот ВЛЕН, а евентуално само со нерелеватната Левица, како пропагандна поволност искористена при недонесувањето на најниска плата во земјава. Бидејќи – со својот речник просто ги сруши сите мостови до таа цел! Па и со поддршката што неговата агитпроповска машинерија ѝ ја дава на Платформата.

Што би се рекло, и „победникот“ Мицковски и пасивните бирачи – имаат единство само во несреќната иднина на земјата.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: апатијаБрвеницаБугаријаизбориМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ