• Latest

Здравкин: По запознавањето со нив, и соседите и пријателите го менуваа ставот за бегалците!

May 25, 2017

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здравкин: По запознавањето со нив, и соседите и пријателите го менуваа ставот за бегалците!

May 25, 2017 11:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Над еден милион бегалци поминаа низ Македонија во периодот 2014 – 2016. Неколку десетици бегалци ги загубија животите на пругите низ Македонија. Системот не беше подготовен, но хуманите луѓе ја надополнија празнината предизвикана од неефикасните институции… Вака ја почнавме приказната за бегалската криза и за третманот кон бегалците во Македонија со хуманитарката од Велес, Ленче Здравкин.

Пред камерата на ЦИВИЛ Медиа таа зборуваше за првите соочувања со бегалците, за животот покрај пругите, за состојбата на бегалците и за препораките- доколку дојде до нов бран на бегалци во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Животот покрај пруга ви донесе еден специфичен предизвик во време на бранот на бегалци во Македонија. Што ве предизвика да им помогнете?

ЗДРАВКИН: Животот покрај пруга. од 2013-та година за мене стана голем предизвик, голема пресвртница во животот… Да се научиш на секакви моменти, на сурови моменти што животот може да ти ги зададе, а не знаеш кога. Од 2013-та година, кога почнаа помали групи на бегалци да се движат на железничките пруги, немаше многу време за размислување ниту кои се, ниту што се. Она што можев да забележам дека на сите тие млади дечки, од 20 до 30 години, им е потребна помош. Време за размислување немаше ниту од каде се, но им требаше топол чај, топла облека и безбедно да го продолжат своето патување.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е состојбата со бегалците сега?

ЗДРАВКИН: Состојбата со бегалците сега е смирена. Од јужната граница, односно од Грција, имаме многу мал број на движење на бегалци. Сега е зголемен бранот на бегалци, што движат во обратна насока, односно од север кон југ. Тие се враќаат назад, истите бегалци што заминале за Србија, не можејќи да го издржат притисокот, оти никаков статус немаат, останати се на улиците, во парковите, на железничката станица во Белград… Така, одлучуваат да се вратат повторно во Грција, сметајќи дека отаму, побезбедно ќе најдат начин или решение како ќе заминат во Европа.

ЦИВИЛ Медиа: Имавте ли помош и поддршка од домашните?

ЗДРАВКИН: Уште во првиот момент, кога почнаа да се движат во помали групи по 20/30 луѓе, моето семејство беше секогаш со мене, околку подготовката на храна, да се купи нешто што им е потребно, лекови, нешто за бебињата… Секогаш имаше потреба некого да пратам да купи, да донесе, да ми помогне, од првиот ден, заедно со семејството ја пружавме помошта.

Велес, пругата што поминува пред домот на Ленче Здравкин, 26 април 2017

ЦИВИЛ Медиа: Во домашната и меѓународната јавност имаше многу позитивни реакции за вашата работа, но, за жал, имаше и негативни реакции. Кому му пречеше работата на еден граѓански активист во помагање на бегалците што поминуваа низ Македонија?

ЗДРАВКИН: На самите почетоци се создаде ксенофобија меѓу граѓаните дека тоа се болни луѓе, дека носат заразни болести, дека се терористи… Се борев и со тоа, но мислам дека успеав, можеби не доволно, но она што можев јас самата да го направам, го направив. Оние луѓе што изразува негативност кон бегалците, се трудев да ги соочам, очи во очи со бегалецот, да видат што значи еден бегалец, еден паталец, да видат едно момче кое можеби е доктор на науки или професор, меѓутоа „силом прилике“ морал да бега… Бидејќи, веќе нема дом, нема каде да живее, негвото семејство изгорело, сè е пеплосано. Како ги сочуваав моите соседи, пријатели – со бегалците, за многу кратко време го менуваа мислењето и ми се приклучуваа кон помошта.

ЦИВИЛ Медиа: Се најавуваат нови бранови на бегалци што ќе поминуваат низ Македонија. Што вие би препорачале за справување со состојбата?

ЗДРАВКИН: Ги следиме медиумите, политиката знаеме каква е, се менува од час во час. Во исчекување сме, како што велат големите функционери, можно е да дојде до голем бран на бегалци. Јас сум тука и се подготвувам, но помош е потребна од секаков вид, од медицински материјал до храна, обувки, вода…

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Интервјуто е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Општество без граници“бегалциВелесЛенче Здравкинхуманитарка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ