• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога и Како?

November 15, 2026 09:16
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Насловот на колумната најавува осврт кон тоа КОГА и КАКО ќе дојде до пад на владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски од власт и какви сѐ последици ќе се појават потоа.

Поминавме една бурна недела во повеќе аспекти на општествениот живот во Македонија која најпрво го носи печатот на крахот на АЛТА банка, а потоа и на некои други антимакедонски дејанија кои излегоа пред очите на македонските граѓани. Несомнено, се наслушавме глупости за тоа кој е виновен за влезот на АЛТА банка во Македонија и сите останати придружни будалаштини, сѐ до божем купувањето на банката од големи банки. Дали ќе дојде до купување? Не сум баш убеден во тоа. Во таа насока ме насочуваат сметките кои треба да ги платиме сите како граѓани на крајот од сагата АЛТА банка, а парите вака или така, ќе завршат во Србија како дел од стечајната маса. Впрочем која банка, посебно странска, сака да го финансира Мацура и преку него Вучиќ и тоа токму сега? Логично, никоја!

Но, нема да пишувам за АЛТА банка, за неа напишав во минатата колумна и јасно ви укажав, драги мои, дека покрај алта, малта, ќе се нагледаме и други случки. Дури и овие глупоштини со поднесување на кривични пријави од Народна банка за наводно ширење паника е дел од случките кои треба да нѐ замаат во однос на алте, малте и друго. И така овие од СДС се доволно збунети и изгубени, па замислете ширеле паника. Но, најголема будалаштина и невешта лага беше објаснувањето на професор, доктор ем премиер Мицкоски на една национална телевизија за тоа зошто морал да ја прифати АЛТА банка во Македонија. Правејќи несоодветна паралела со нашите трговски фирми во Србија, но уште повеќе со Алта пеј во Црна Гора како уште полоша работа. Ами токму Црна Гора има видливи проблеми поради овие влијанија и пред да стане полноправна членка на ЕУ ќе мора да се ослободи од овие баласти.

Таква глупост, лага, јавно признание дека си бил во некаков договор, а да се вадиш како божем заштитник на македонските фирми во Србија, немам слушнато од времето на лицето З.З.  Ами Христијане, слабо ти е ова вадењето, дури и нај неупатениот македонски граѓанин знае дека Алта пеј е платежен систем со провизија на трансакции без депозити, плати, пензии и кредити, а АЛТА банка е сѐ топтан, и банка и платежен систем (па банките учествуваат во платежниот систем на државата), навистина ти нѐ сметаш за будали.

Трговските фирми од Македонија не подлегнуваат на правилата за банки во Србија и обратно – ај престани да лажеш! Какви се тие глупости по две и половина години на власт да објаснуваш дека претходната влада е виновна за сѐ. Па работеше ли и работиш ли ти нешто овие две и пол години воопшто? Имавме ли ние избори 2024 година? Сега и Ковачевски ќе го вратат во игра, иако додека беше во улога на премиер (врзан за дрво да не падне) и самиот тој сакаше да биде како Вучиќ, впрочем исто како што и Мицкоски е мали Вучиќ. Ами Христијане, зошто не го уапси Заев за сторени кривични дела, зошто не го уапсиш сега и Ковачевски за АЛТА банка? А можеби и вистината за ЈУБМЕС банка не треба да излезе на виделина?

Вистината во која македонските граѓани ќе ја видат замешаноста на партнерите Заев и Мицкоски, односно на нивните послушници. Само шашма и празни муабети за да се збрлават граѓаните. Што е различно од времето на Заев, Ковачевски со времето на професор, доктор ем премиер Мицкоски во однесувањето на „македонските“ влади кон Вучиќ? Ништо – зависност и криминална поврзаност! Ви кажувам драги мои, ќе се нагледаме глупоштини, будалаштини, тресења и случки.

Е во тие случки всушност е поентата на оваа КОГА и КАКО. Хронологијата и динамиката на случувањата е многу интересна, посебно затоа што професор, доктор ем премиер Мицкоски е сардисан од сите страни и веќе ниту еден спин, медиумска блокада, правдање, лаги и јавни настапи и секојдневни изјави, па и дефокус, не можат да го спасат од неизбежното. Неизбежниот пад кон кој забрзано се приближува, за кој секако не знаеме кога точно ќе се случи и на кој начин ќе биде операционализиран, но е многу поблизу отколку што и претпоставуваме.

Дека многу бргу го троши мандатот го предупредивме уште некаде во ноември-декември 2024 година, затоа што по само четири месеци на власт, во јавноста постоеше слика и чувство дека професор, доктор ем премиер Мицкоски е веќе долги години на власт. Потоа цела 2025 година ја потроши во засилен глупав ПИ-АР кој многу брзо им здодеа на македонските граѓани. Продолжувњето со агресивен личен ПИ-АР преку секојдневни изјави и некогаш и два-три пати дневно појавување во медиумите стана напорно за сите, а кога годинава засилено стапија на сцена додворувачките и возвеличувачки постојани настапи на неговите потчинети и подвластени клиентелисти од секаква провиниенција, од авион се виде дека не ја бива.

Згора на сѐ, средената и солидна економска состојба и подобрата живеачка за македонските граѓани се мисловна именка за мнозинството наши сограѓани. На крајот, се појасната видливост на поврзаноста со проруски и просрпски (да појаснам – УДБАшки) структури на владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски, па дури и негово лично сомнително однесување во овој контекст, несомнено насочуваат кон констатацијата дека крајот е близу.

Сосема е доволно да се фрли една јавна провокција на сметка на рашистичкото делување или да отвориш еден факт на поврзаност со руското влијание во Македонија, па да ги видиме сите орки како побеснуваат, а професор, доктор ем премиер Мицкоски по тоа прашање молчи како мумија, а молчат и надлежните институции. Прашајте се кога последен пат Македонија под владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски има испратено било каква помош на Украина – никогаш, не кога.

Под влијание на распадот на системот на Вучиќ и посебно доколку во краток период од можеби еден месец не се санира АЛТА банка, а во меѓувреме од Белград пристигне абер дека Мацура и Јоргованка, а и други тамошни пациенти прозбореле, ќе биде многу интересно за професор, доктор ем премиер Мицкоски. Настрана што последнава недела во Македонија – држава со која тој, професор, доктор ем премиер Мицкоски владее, експлодираа неколку големи бомби поврзани со националните интереси, а за кои, по службена должност морал да знае, уште и мнозина јавно проговорија ставајќи го на увид на јавноста не капацитетот на професор, доктор ем премиер Мицкоски во сите негови аспекти на работење, од универзитетски професор и тоа редовен, под капата на тате, па сѐ до експертизата на економист, финансиски маг, меѓуетничките односи и политичар ем премиер.

Оттука може да заклучиме дека колапсот се приближува. Но тоа не е колапс само на професор, доктор ем премиер Мицкоски, тоа е најава на колапс на системот, а во тој систем нај големата вина за колапсот ќе ја понесе токму нашата ВМРО-ДПМНЕ, онака колективно, топтан што се вели. Очекувам нашата партија ВМРО-ДПМНЕ да доживее полоша судбина од СДС, посебно затоа што самата, благодарение на погрешните политики на професор, доктор ем премиер Мицкоски си влезе во замката на проруската игра.

Со падот на системот на СНС-Вучиќ, професор, доктор ем премиер Мицкоски е под директен притисок на Москва и буквално ја носи Македонија кон статусот „Остров на пингвините“ во Европа. Не случајно е засилена активноста на руската амбасада во Скопје и истата сѐ повеќе се засилува, бидејќи се води огромна хибридна војна за Македонија по моделот на тотална војна, но бескрвна. Доколку не знаете што е хибридна војна и како таа се води, прашајте го Стојанче – тој ќе ви објасни, стручно и научно.

Токму за да Македонија и нејзините граѓани (барем поголемиот дел) не бидат жртва на таа хибридна војна, во Македонија ќе се спроведе новиот револуционерен модел кој нема да биде исти како во Србија или Унгарија.

Е сега, КОГА точно ќе се реализира со датум и час, не можеме да знаеме (не сме баба Ванѓа), а и тоа тешко се гледа за да се определи точниот датум кој ќе значи пад на владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски. За тоа треба да созрее времето и начинот. Токму прашањето кое се однесува на начинот е КАКО ќе се случи тоа? Нема да ни каже никој, кој ќе препознае ќе препознае и кој ќе гледа ќе види, но мислам дека основните маргини на моделот се оцртуваат. Останува уметникот да ја заврши скицата и потоа да ја пополни сликата со предвидените и замислени бои. Потоа само ќе се одреди времето кое ќе се исполни и токму ќе се разбудиме во нов свет. Какви ќе бидат задачите на тој нов свет се помалку или повеќе јасни и се однесуваат на јасна определеност кон НАТО, ЕУ, борбата против корупцијата и криминалот на високо ниво итн.

Подјадувањето на професор, доктор ем премиер Мицкоски е започнато, а поттикнато и забрзано од него самиот преку лошото владеење и нерешавање на отворените прашања. Некој од неговите министри ќе угасат некој пожар па ќе ги снема, други ни за лек не можеш да ги најдеш, поедини самата партија се обидува да ги испромовира како божем успешни и работливи, а оние пак што не ги промовира самите се промовираат, посебно во контекст на Извештајот на ЕК. Тоа покажува сериозно пореметена спознајна состојба и рацио на луѓето околу професор, доктор ем премиер Мицкоски, но и на него самиот. Пред сѐ, како резултат на долгорочното додворување како системско однесување по правило и навика и глорифицирање на професор, доктор ем премиер Мицкоски како единствен и неприкосновен.

Но, не е прашањето кога и како ќе се случи тресокот на професор, доктор ем премиер Мицкоски од власт, туку како да ја спасиме партијата од историски и вечен срам пред македонските граѓани и да го спасиме името на ВМРО и самата идеја на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното изворно создавање за тоа каква треба да биде Македонија како европска современа држава. Токму тука е нашата одговорност како членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Да побараме одговорност од професор, доктор ем премиер Мицкоски пред да ни стане јасно кога и како ќе тресне од земја. Доцна ќе е да било што преземеме откако ќе удри од земја и со него ќе ја распрсне ВМРО-ДПМНЕ, а Македонија ќе ја доведе на работ, бидејќи работата е до толку забегана што луѓето околу професор, доктор ем премиер Мицкоски сметаат дека никој ништо не им може па за кршењето на законите што го прават, велат дека „баш им е гајле“. Тогаш КОГА ќе биде, професор, доктор ем премиер Мицкоски ќе бара излез за себе, а не за неговите полтрони (тогаш нему ќе му биде гајле и ќе вели дека тој ништо не потпишувал – како Вучиќ сега што вели), а во никој случај за партијата.

Додворувачите нема да му бидат полезни, бидејќи ќе мораат сами да се спасуваат како знаат и умеат, но нашата ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде корисна само да се ценка и да бара јавна политичка поддршка, што во процесот КАКО, ќе биде дополнително погубно за целата партија и политичка структура која ќе се распрсне како балон. Дури сум сигурен дека и најголемите додворувачи на професор, доктор ем премиер Мицкоски во моментот на КОГА, ќе се обидат да се префрлат на другата страна, затоа што тогаш „ќе им биде гајле – и тоа многу“, секако за себе. Дали ќе им успее, тоа зависи исклучиво и само од сликата на уметникот која тој си ја замислил.

Е па драги мои сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ, пред да дојде тоа КОГА и да согледате КАКО, а да не биде доцна, време е отворено да се пројавите како поддржувачи на внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, не само да коментирате и поддржувате со шепот, а за да се извлечеме од состојбата „Остров на пингвините“, да ја демократизираме партијата и да ги пренасочиме политиките со што ќе го убедиме уметникот дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме во основа проевропски и тие кој ќе доминираат на неговата слика за современа Македонија.

Откако ќе дојде времето за КОГА и ќе видиме КАКО ќе биде ДОЦНА за нашата ВМРО-ДПМНЕ, но тоа зависи исклучиво од нас и од никој друг. По оваа епизода, која доколку ја испуштиме и задоцниме со КОГА и ни се случи КАКО, да не плачеме дека некој друг ни е виновен – затоа што ние самите сме си виновни за се. Дури и професор, доктор, ем премиер Мицкоски нема да ни биде виновен за нашата глупост и слепост, ем не активност, тој си ги брка неговите задолженија кој ги примил од газдите.

Ете, да не биде дека не ви е кажано дека наближува КОГА и КАКО, а ние или ќе бидеме „Остров на пингвините“ или ќе се ревитализираме и како партија, но и како држава, пред сѐ. Кога веќе треба да размислите за состојбата во која се наоѓа Македонија, за вас мои драги сопартијци има уште една точка на размислување. До кога ќе си молчите за луѓе кои со три дена партиски стаж стануваат високи партиски функционери, а потоа и државни, а вие и да не ги познавате? Нека ви (ни) е со среќа новиот „заменик генерален секретар“ – другарот Пренџов.

На крајот да се вратиме кон однесувањето на професор, доктор ем премиер Мицкоски. Интересно е како се обидува да избегне соочувања со јавноста, па навредувајќи ги македонските граѓани не се појавува на собраниска седница за пратенички прашања, но затоа ќе оди по ОК да ги брлави партиските членови за АЛТА банка и други случки, кои пак јадни не смеат ништо да го прашаат.

Не може да се побегне од судот на народот, а посебно членството, само кога ќе го разбереш тоа Христијане? Време е за оставка, за џабе се прпелкаш и ни го трошиш времето. Оставка пред да паднеш како скапана круша под притисок на социјалните прашања и криминалот и корупцијата кои цветаат.

И не се секирај дека – доколку има избори – ќе банкротира државата, и без избори со тебе сме пред банкрот.

 


роф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани | За преземање на оваа содржина, испратете барање на: info@civil.mk


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ