• Latest

Смртта на осудениците Реџепов и Јусинов заглави во институционалните лавиринти!

May 25, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Смртта на осудениците Реџепов и Јусинов заглави во институционалните лавиринти!

May 25, 2017 15:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако поминаа неколку месеци, надлежните институции сѐ уште официјално не се огласија за двата контроверзни смртни случаи на осудените лица – Роми, во кус период: Андриас Реџепов, 21-годишно момче од Шуто Оризари, кој почина во затворот во Идризово и 25-годишниот Ердал Јусинов од Штип, кој почина во затворот во Штип, познат како „Шести“.

Штипскиот Јавен обвинител, Ристо Бојаџиски, за ЦИВИЛ Медиа рече дека немало траги на насилство врз телото на осуденикот Ердал Јусинов, кој почина на 22 март 2017 година, под нејасни околности во затворот во Штип, само два месеци по неговото затворање. Јусинов бил осуден  на една година затвор за кражба.

„Немаше траги на насилство, но тоа не значи дека починал од природна смрт. Сè додека не ги добиеме резултатите од обдукцијата, не може да кажеме од што починал. Кога ќе ги имаме резултатите, ќе се расчистат сите сомнежи“, ни истакна Бојаџиски во телефонскиот разговор на 4 април 2017 година.

Со обвинителот Бојаџиски на телефон разговаравме уште еднаш, но немаше нови информации, бидејќи резултатите од обдукцијата уште не се готови .

Сведочењето на блиските и соседите на Јусинов, упатуваат на можни сериозни аномалии и пропусти на затворската служба и лекарите. Наводно, тие не му пружиле помош цели четири часа, додека тој бил во претсмртна агонија. Јусинов остави сопруга и две мали деца.

Неколку дена по смртта на Јусинов, ЦИВИЛ побара информација за овој трагичен случај од надлежните во затворот во Штип, но оттаму нè упатија во Управата за извршување санкции. Се обративме и таму. Во телефонски разговор, претставничка од Управата побара од нас да испратиме прашања по електронска пошта. До денеска, никаков одговор сè уште нема.

ЦИВИЛ од свои извори дознава дека Андриас Реџепов, наводно починал во затворот во Идризово од прекумерна употреба на таблети, односно дека според обдукцијата, наводно смртта настанала како резултат на интоксикација со метадон и бензодиазепин, но нема официјална потврда на ваквата информација. Реџепов бил осуден на 11 години и 6 месеци казна затвор за трговија со дете.

Нехру Реџепов, таткото на 21-годишниот Реџепов кој почина на 11 март, четири дена подоцна, на 15 март 2017 година за ЦИВИЛ, изјави дека има сомнежи оти лица од службите во затворот се виновни за неговата смрт. Тој наводно, имал сведоштво од анонимен затвореник, кој му тврдел дека момчето „го претепале командири“. За смртта на неговиот син го известиле неговите другари од затворот, што е кршење на прописите за навремено известување на роднините.

ЦИВИЛ Медиа, за жал, во изминатииот период не успеа да контактира со обвинителот што го води случајот со смртта на Реџепов.

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ), Будимпешта е правен застапник на починатите Реџепов и Јусинов.

Дехран Муратов

Tags: Андриас РеџеповЕрдал ЈусиновЕРРЦзатворИдризовоРисто БојаџискиЦивилШтип (Шести)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ