• Latest

„Не ги оправдувам повиците за ‘Голема Албанија’, но важно е да не се реагира прекумерно!“

May 25, 2017

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Не ги оправдувам повиците за ‘Голема Албанија’, но важно е да не се реагира прекумерно!“

May 25, 2017 14:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Ји, верува дека изјавите за „Голема Албанија“, се реторика која треба да биде сфатена во контекст на предизборна кампања и дека не ги изразуваат вистинските намери, планови и желби на политичарите во регионот.

„Не верувам дека постои сериозно движење за создавање на ‘Голема Албанија’ или желба кај албанското население, дали е тоа во Македонија, Црна Гора или Албанија, за обединување во нова држава. Официјалниот став, и јас верувам, искрениот став на политичките партии од Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија е да се интегрираат во Европската унија и што поскоро во НАТО, и тоа во рамките на државите каде што сега живеат, а не со промена на границите, или преку некој голем национален ентитет. Знам дека има одредена реторика, која јас сметам дека е неодговорна и провокативна, од одредени политичари во регионот. Тоа не беше конструктивно и создаде сомничавост. Сметам дека овие слогани и пароли не треба да се гледаат надвор од контекстот на предизборните кампањи во кои беа дадени. Не сакам со ова да ги оправдам овие повици или да нудам објаснување за нив. Ние и јавно и приватно ја осудивме ваквата реторика. Важно е и да не се реагира прекумерно и да не ги земаме буквално изјавите дадени од политичари кои се во кампања„, вели Ји во последното интервју за порталот Европски Западен Балкан.

Хојт Ји е категоричен дека секој обид за промена на границите би бил сериозен удар за обидот на таа држава да влезе во Европската унија

Во врска со Македонија, Ји истакна дека своите активности ги координира со Европската комисија и со европската дипломатска служба на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, со цел да се издејствува давање на мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Успехот дојде затоа што лидерите на државите беа способни да донесат тешки одлуки, дали беше тоа одлуката на претседателот Иванов во Македонија, да го даде мандатот на коалицијата во Собранието која има мнозинство за да може да формира влада, или на опозицијата во Албанија која презема храбар чекор и реши да учествува на изборите, како и на премиерот Рама кој покажа флексибилност потребна да се убеди опозицијата. Ова е пред сè, во полза на Албанија – ситуацијата во Албанија, и на Македонија, на народот на Македонија. Заслугата е на лидерите на овие држави, а ние сме среќни што помогнавме“, изјави Ји.

Tags: АлбанијаГолема АлбанијаЕУизбориМакедонијаполитичка кампањапромена на границиФедерика МогериниХојт Ји
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ