• Latest

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

Освен Стопанска банка Битола за Алта групацијата предмет на купување беше и ЗОИЛ осигурување Битола. Сега се покажа дека формирале и фирма за промет со недвижности. Се работи ли за скопскиот „океан“ на станови и деловни простори во кој може да се камуфлира селењето на ограбеното богатство на браќата Мацура?

November 29, 2026 09:14
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Откога финансиската власт во земјава закажа аукција за продажба на акциите на „Алта банка“ – Битола за 30 ноември, земјава влегува во нова фаза на опсервација на она што ни се случува во режија на сопственикот на таа банка – Давор Мацура. Tоа е човек без никакво реноме и образование, практично „пиљар“ со една менувачница ама е избран како лесен плен за оркестрација на криминалот на режимот на Александар Вучиќ, оној истиот кој падна со голем тресок пред еден месец.

За првата фаза на реакција на најодговорните во земјава во однос на турканиците пред вратите на експозитурите на Алфа банка знаеме: и екипата на Христијан Мицкоски, и штедачите, покажаа лошо сокриена паника, од различни побуди. Но настаните сепак ги диктираше Белград, а од НБРСМ  долго нѐ убедуваа дека оваа банка е само наша главоболка која нема врска со Србија, без оглед на простата логика.

Во понеделникот, премиерот конечно „откри“: парите од аквизицијата на акциите на Алта банка Битола ќе одат во Белград. Дури допрва ќе гледаме и следиме што се случува во северното соседство, гледајќи што од тамошните криминални клопчиња завршувало и ќе завршува кај нас. Власта се обидуваа да нуди методи како лексилиум за јавноста, но никогаш не се отвораа до крај – само ги следеа чекорите во Народна банка на Србија (НБС) во временско растојание од 24 часа, бидејќи одговорноста во Скопје е поинаква: секогаш постоела можноста да се открие начинот на функционирање на споменатиот Мацура кај нас, за да се превенира опасноста по нашето економско ткиво!

И пред истиот „инвеститор“ да влезе во земјава, требало да мине низ филтри пред сѐ на финансиската власт. А тоа го немало, иако постоеле доволно сигнали од целиот регион. Не се работело за неинформираност, туку за свесно широко отворање на вратите од нашиот простор наспроти сите разумни сигнали за политиките и практичното дејствување на Мацура и – сега е јасно – од можното политичко милје што тој го претставувал.

Влез во земјата, откако Мацура е јавно обележан од европскиот финансиски простор

За тоа колку тој, од аспект на нашата власт, добил поволна деловна одлука, а згора и респектабилна, говори фактот дека Мацура кај нас добил и други отворени можности, за кои се дознава откако веќе на таламбаси е разголена позицијата на полит-мафијата во соседна Србија. Ова секако се однесува на влезот во сферата на осигурувањето, потоа и во областа на работењето со станбен и деловен простор (!), за што не се говори воопшто (можеби се смета за нерелевантно), конечно и во сферата на друг бизнис со барање за кое не се знае дали веќе е одобрено. Па затоа и го премолчуваме, засега. Преземањето на банката било само еден показател на идниот – како што би рекол експремиерот Црвенковски – октопод. Просто, еден убаво скроен план полека се разоткрива пред нас, ама за жал, последиците нема да бидат наивни.

Знаеме дека Давор Мацура за 1,7 милиони евра ја купил и ЗОИЛ Македонија – Битола. Само, за оние неупатените, да кажеме дека името на нам позната осигурителна фирма, во минатото најголема во земјава, со исто име, своевремено промени неколку различни надворешни инвеститори и се ребрендираше. Но, било заборавено да се тргне и старото име што станало „слободно“ и еден од поранешните вработени го презел, отворил нова фирма во Битола со осигурителен бизнис.

Случајно или не, во ареалот на таа фирма инаку биле и познати имиња од битолскиот бизнис круг.

Има ли судир на интереси?

За осигурителната компанија, во официјалните објави на АСО (Агенција за супервизија на осигурувањето) е евидентирана постапката за стекнување квалификувано учество, а Комисијата за заштита на конкуренцијата објавила решение за концентрацијата, кое било поволно.

Но од интервјуто што главната уредничка на Телма, Наташа Стојановска го направи со премиерот на 23 ноември, произлезе дека тука е можеби направен и првиот фаул во одобрувањето на купопродажбата. Имено Стојановска го праша премиерот дали знае дека функционерката која имала битна улога во давањето на дозвола за преземање на тогаш ЗОИЛ Битола (веројатно се мисли на претседателката на АСО, Ели Дракуловска) во оваа фирма има брат кој поседува значителен капитал и дека таа била во судир на интереси.

Премиерот одговори дека е запознаен со тоа, но мисли дека нема судир, бидејќи братот има капитал во висина од девет отсто од вкупната вредност на ЗОИЛ и тој едноставно не е клучен во таа зделка. На овој одговор просто е незамисливо дека оние кои барем малку се разбираат во економија нема да се насмеат, особено ако се има предвид вредноста на зделката, а секако и вредноста на обртот на тој деловен субјект. Да дообјасниме – со Агенцијата за супервизија на осигурувањето раководи Совет на експерти во нов состав од стартот на оваа година, а на челната позиција како претседател со петгодишен мандат е назначена Дракуловска. Неофицијално се вели дека за овој случај има претставка до Антикорупциска, која треба да се изјасни. После репликата на премиерот, сѐ поизвесно е какво ќе биде изјаснувањето.

Но јасно е дека останува прашањето какви проценки на финансиската стабилност и ризиците од сопственичката поврзаност биле направени при одобрувањето на преземањата. Во овој случај, како купувач се јавува Алта Група која ги купила сите акции и сега поседува 100% од бројот на акциите на ЗОИЛ Македонија Битола. По преземањето има ребрендирање во Алта осигурување, а адресата се менува од Прилепска во Битола во булевар Осми септември во Скопје.

Зад една зделка се кријат – две

Според Македонската берза Одборот на директори во ова осигурително друштво го сочинуваат Зоран Ивановски, претседател на Одборот за директори, Марко Андонов, неизвршен член и Александар Аневски, извршен член.

Првите двајца се професори, иако под името на Зоран Ивановски има двајца такви – едниот е од економската сфера а вториот има катедра на ФЕИТ. Марко Андонов предава економија на Американ колеџот. Колку за Александар Аневски треба да се каже дека тој има една сериозна афера со една бугарска осигурителна агенција кај нас, за што пишуваше Охрид скај, со наводи што не се ни малку наивни. Се работи за наведување на една битолска осигурителна компанија СН Осигурителен брокер да го продаде имотот на бугарскта Евро инс.

Она што збунува во трансакцијата лежи во фактот дека Мацура си купил прво банка, а потоа со пари на банката си купил осигурително друштво. Дали тоа можело да ја наруши стабилноста на банката? Впрочем, тој чекор личи на мангупски трик – зад една зделка се кријат две, нели?

Добро, белграѓани прават докапитализација од околу два милиони евра, за компанијата да може да работи. И на 25 ноември стигна веста, кај нас необележана со никаков „знак“ од слободното новинарство дека првиот човек на Алта груп (сопственикот на ЗОИЛ односно Алта осигурување Скопје) – Дубравко Мацура, брат на Давор е уапсен. Тој е сослушан и одреден му е притвор. Тоа не е единствено апсење а за следното нешто подолу. Се товари за нелегално приграбување на над 300 милиони евра и потоа тоа како заокружено сознание ќе нѐ води преку белградските истражувачи до тоа каде и како се изнесени тие пари, за кои се верува дека не се единствени кои се нелегално присвоени. Да повториме ли дека Скопје е еден од центрите за каде постои сомнеж дека тие пари се дислоцирани или барем биле предмет на натамошен пат кон трети земји! Браќата Мацура се зад решетки и секако таму ќе останат.

Како ќе се одрази апсењето на сопственикот врз Друштвото?

Што ќе се случи со ЗОИЛ, денешна Алта осигурување – Скопје? Ова е несомнено сериозен потрес. Директори се директори ама сопственикот е секако клучниот во овој миг.

Со одземањето на дозволата на Алта банка Белград, во Македонија веќе е воведена привремена администрација во Алта банка Битола. Но, состојбата со осигурителната компанија е поинаква.

Алта осигурување е посебно правно лице и неговото работење го надгледува Агенцијата за супервизија на осигурување, а не Народната банка. Компанијата и понатаму е наведена во официјалниот регистар на АСО. Засега нема потврдено соопштение дека ограничувањата воведени за банката автоматски се однесуваат и на осигурителното друштво.

Сепак, по случувањата во Србија се поставува прашањето дали АСО дополнително ќе ја проверува сопственичката структура, финансиската изложеност и капиталната стабилност на осигурителната компанија.

Јасно е дека со последниот развој на настаните ситуацијата не е наивна. Можете да имате полиса за осигурување од оваа фирма а кој гарантира дека таа во мигот е покриена? Просто секој разумен ова ќе прашува без оглед на конкретната состојба. Што ако дојде до сообраќајка во која едниот од учесниците има полиса од оваа компанија? И АСО и самата осигурителна фирма должат одговор! За граѓаните што имаат склучено осигурителни полиси, најважно е дали компанијата продолжува редовно да ги исполнува своите обврски и дали постои каков било ризик од нарушување на исплатите. Се бара итно информација и тоа точна. Впрочем, за тоа постојат и органи, а тоа што братот на одговорната во АСО има акции во оваа фирма, може да се покаже поважно отколку што тоа сака да го прифати премиерот.

Инаку, постои логика во здружување на банкарство и осигурување, иако не можеме, а да не забележиме дека една тројка на директори-моќници токму во Битола е своевиден одбор за добредојде за компаниите на Мацура. За еден од нив се вели дека одиграл клучна улога зошто првобитната понуда на Комерцијална банка не успеала да ги добие потребните две третини од акции со својата апстиненција. Па индиректно е секако соучесник во сите драми што се случија и што мораме сега да имаме реприза по претрпени удари врз здравјето на штедачите на Алта банка Битола! Одлуката за продажба е на секој акционер и од правна гледна точка истиот е „недопирлив“. Но можеби и совеста некаде ќе проработи.

Нема копирајт на „унгарскиот модел“ за криење на украдените пари

Значи, сега ги имаме браќата Мацура во апс и се споменуваат некои големи суми, а сега енигмата е врзана со нивното перење. Најдобро решение е ако таа сума на конвертибилни валути (сменети динари во девизи по белградските менувачници) оди некаде вон земјата. Белки нема да се копира оној модел на унгарскиот министер кај Орбан кој закопувал евра во една шума (тешко би ги собрало ако се пакуваат во ѕид, би рекле кавадарчани). Каква е имагинацијата на српските гангстери? Секако инвентивна а за тоа се грижи и цел тим на луѓе политичкиот и финансов врв на власта. Утринава во програмата на Н1 имаше говорник кој јавно бараше итно да се уапси гувернерската на НБС Јоргованка Табаковиќ, која засега е предвидена да биде повикана во полицијата во својство на сведок во истрагата за браќата Мацура.

Индикативно е дека по банката и осигурувањето, браќата Мацура влезе и во недвижностите. Интересно, нели? Во август 2026 година беше објавено дека Алта група регистрирала и компанија за недвижности во Македонија – Алта Реал Естате. Основен капитал е 5.000 евра, а како што рековме, добила дозвола веднаш – денес поднесе барање, утре добиена дозвола, како што објави Пари.мк. Посебен деликатес е фактот дека дозволата на оваа фирма е издадена наводно за два дена! Па наш граѓанин за таков период не може да добие ни лична карта!

Како основна дејност било наведено изнајмување и управување со сопствен недвижен имот или имот под закуп (лизинг), а за управител била именувана Татјана Бундало. Истава е исто атка уапсена заедно со Дубравко Мацура во вторникот.

Прво што паѓа во очи е дека за екстремно кусо време, кога е бизнисот во прашање, деловното присуство на Алта групацијата се проширило од банкарството кон осигурувањето и сега кон недвижностите.

Да застанеме за миг тука – можеме да си дозволиме во продолжение – што е тоа што е привлечно за браќата Мацура кај нас. Како и што би работела онаа четвртата фирма. Но тоа би бил предолг текст за читање, ако не се подели на два дела.

И додека се расплетува аферата во Србија, во Северна Македонија остануваат неодговорени повеќе прашања. Допрва останува да се открие кој, како и врз основа на какви проверки ѝ ги отвори вратите на групацијата Алта во банкарството, осигурувањето и недвижностите и кој ќе одговара доколку се утврди дека предупредувањата биле игнорирани.

 


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани | Повеќе информации: info@civil.mk


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Tags: Алта БанкаафераМацура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ