• Latest

Нема време за нови ветувања, чекаме остварувања, веднаш!

June 1, 2017

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нема време за нови ветувања, чекаме остварувања, веднаш!

June 1, 2017 16:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Први јуни 2017. Прв ден на новата Влада на Зоран Заев. Ја дочекав, будна, свесна, со возбуда… Но, не онака како што се надевав. А, планирав многу, дружење, веселба…, та, нели, победата значи пад на фашизмот, груевизмот, пад на злосторството, криминалот, корупцијата, пад на квази-политиките ДПМНЕ-овски, пад на сѐ со именител – зло над Македонија, што ја уништи, разори, собори, легна и згаси, подолу од дното.

Пишува: Моника Талеска

Сметав дека ќе „летам“ од среќа, затоа што, конечно, моите сограѓани нема да бидат понижувани, девалвирани, дискриминирани, зашто не се партиски пиони, не се подлизурковци, и иако се сиромашни и чесни луѓе, заслужуваат првин достоинство, а потоа и благосостојба, зашто од нашите пари, „оние“ живееја полни 12 години.

Планирав и што ќе облечам и каква торта ќе порачам за да прославам со колегите, зашто конечно во историјата заминува системот што не ги вреднуваше младите умни девојки и момчиња, што со тага го напуштија домот и заминаа во странство, за да бараат подобар живот, а нивните места на свечените празнични трпезите во родните куќи се празни, додека мајчинските, родителските срца тагуваат до бескрај.

Мислев дека ќе ми течат солзи радосници, а срцето ќе ми бие, зашто падот на режимот значи отворање на вратата кон нови економски политики, реални инвестиции, реален економски раст и реални нови работни места, за да си најдам конечно и јас, работно место во овој систем, зашто вратите на медиумите за коишто работев изминативе 12 години, се затворија поради неликвидност… А најмногу, поради промена на уредувачката политика, во која нема место за професионалните новинари, кои не се пазарат со образот.

Го чекав како и илјадници граѓани на Македонија моментот кога новиот парламентарен спикер ќе ја соопшти очекуваната вест, дека е избрана нова Влада на Република Македонија. И што??!

Да, имаше радост, но, никаква еуфорија, ништо од тоа на што се надевав. Одлучив да го исклучам телевизорот и да се обидам да заспијам. Но, силна празнина во душата, не ми даваше сон. Тага и разочараност… Попусто потрошени 12 години? Попусто заминати животи, на Тамара, на Мартин… Толку солзи, стресови на илјадници граѓани поради загубени работни места, толку депресија и страдања во домовите на сиромашните граѓани кои останаа на улица, без денар, зашто ниту имаше економски развој, ниту странски инвестиции, ниту напредок. Да, ВМРО-ДПМНЕ, груевизмот што царуваше во Македонија ни го украде животот, ни украде повеќе од една деценија, ни ја украде насмевката, радоста, среќата, сѐ на што еден човек треба да се радува во својот живот, којшто не го живее репризно…

Имав 39 години, кога во еден мај, ми го дадоа отказното решение… А денеска, 10 години подоцна, сум разочарана што ми ги украдоа професионалните соништа и живот… ВМРО-ДПМНЕ и нејзините следбеници.

Но, сепак, едно не ми украдоа, и никому од нас, борците за подобар живот, нема да можат да ни го украдат. Тоа е највредното, најсилното чувство за праведност и правда, љубовта кон својата земја и вербата во подобра иднина.

Затоа ѝ порачувам на оваа Влада – „Немаме време за нови ветувања, чекаме итно, нови остварувања!“

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗоран Заевквази политикинова владапад на груевизмотПрви јуни 2017променирежим
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ