• Latest

Туристите се запознаваат со Македонија преку граѓанското новинарство

July 7, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Туристите се запознаваат со Македонија преку граѓанското новинарство

July 7, 2017 14:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Двајца млади туристи од Белгија, на минување низ скопската Стара чаршија, љубопитно застанаа пред штандот на ЦИВИЛ на јавната презентација на проектот „Граѓански објектив“, кој отвора можност за нивно вклучување во ослободување на медиумскиот простор.

 

Дека граѓанското новинарство зема сè поголем замав ни потврдија и овие двајца ентузијасти, велејќи дека моќта на социјалните мрежи придонесува во борбата за слободни и независни медиуми и во нивната земја, како и во земјите кои ги посетиле порано.

Низ разговор со тимот на ЦИВИЛ, овие двајца млади интелектуалци ја изразија својата запрепастеност од изгледот на главниот град на земјата, од сиот како што велат „несклад“ во ахритектонските решенија на проектот „Скопје 2014“.

Љубопитни да дознаат што повеќе за проектот „Граѓански објектив“ и за политичката состојба во земјата, тие открија дека воопшто не се запознаени со долгогодишната политичка криза во Македонија. За Шарената револуција се информираа преку видеоматеријалите од граѓански новинар(к)и што изминатите две години стигнуваа на адресата на ЦИВИЛ, а беа дел од презентираните материјали на јавната презентација на проектот на платото пред Универзитетот на ЈИЕ.

„Запознаени сме со протестите во Романија, но немавме претстава дека протести од такви размери се случувале и тука, во Македонија“, ни рекоа тие.

Видеоматеријалите кои синоќа беа презентирани на јавниот настан на ЦИВИЛ – Центар за слобода се избор од досега наградените стории на граѓански новинар(к)и. На јавната презентација се проектираа и видео прилози на граѓанските новинар(к)и, во рамките на акцијата #БарамОдговор , која ЦИВИЛ ја започна неодамна.

Поради зголемениот интерес за граѓанското новинарство, ЦИВИЛ  организира работилница за уште десетина заинтересирани скопјанки и скопјани, на 19 јули од 16:30 до 19 часот.

Маја Ивановска

Tags: граѓански новинариГраѓански објективграѓанско новинарствоинформацијанастанпрезентацијатуристиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ