• Latest

Прилог на граѓански новинар ги разбуди крушевските власти!

July 8, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прилог на граѓански новинар ги разбуди крушевските власти!

July 8, 2017 12:02
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прилогот на граѓанскиот новинар, Сотир Габелоски, за спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево, ја разбуди од сон локалната самоуправа.

Општина Крушево вчера објави соопштение во кое, надлежните велат дека салата била санирана и исчистена и дека се воведуваат правила за нејзино користење. Во соопштението стои дека секој кој ќе сака да ја користи спортската сала ќе треба да уплати 300 денари за еден час, на сметка на Општината.

Иако општината тврди дека овој начин на користење го воведува за првпат, граѓанскиот новинар тврди дека ваквиот начин на користење на салата бил промовиран уште пред повеќе од една година. Граѓанскиот новинар Габелоски вели дека, освен што е сменета бравата на влезната врата од салата, таа сè уште е лесно достапна бидејќи скршените прозорци не се заменети со нови!

Во продолжение на соопштението од Општина Крушево е наведено дека во изработка е проект за целосна реконструкција на спортската сала, финансиски поддржана од Европската унија, иако истата била реновирана пред 6 години, односно во 2011.

Реакцијата на локалната власт во Крушево следува по фотографиите објавени на веб-страницата Граѓански објектив која им припаѓа на сите заинтересирани за граѓанско новинарство. Во прилогот објавен тогаш, беше прикажана очајната состојба на спортската сала, со искршени прозорци и без брави на вратите.

Во изминатите две години од проектот „Граѓански објектив“, прилозите на граѓанските новинарки и новинари ги поттикнуваат властите во земјата да преземат чекори кон решавање на проблемите на граѓанките и граѓаните.

Маја Ивановска

Tags: граѓански новинарГраѓански објективКрушевоСотир Габелоскиспортска сала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ