На итна седница на Советот на Општина Валандово, денеска, се потврди одлуката за референдум за рударскиот комплекс „Казандол“ и за отварање на нови рудници.
Откако минатата недела, градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски не ја потпиша и не ја објави во Службен весник одлуката на Општината, со осум гласови „за“, советниците на Валандово по вторпат донесоа одлука за референдумско изјаснување кое ќе се одржи на 20 август.
На денешната седница повторно не беа присутни најголемиот дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои заедно со претседателката на Советот, Јасмина Сечкова, го застапуваат ставот дека Советот како институција нема надлежност да расправа за отварање или не на рудници.