• Latest

„Спас за Козјачија“: Бараме транспарентност на процесите!

July 17, 2017

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Спас за Козјачија“: Бараме транспарентност на процесите!

July 17, 2017 16:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И Куманово се приклучува на акциите против отворањето на рудници. Граѓанската иницијатива „Спас за Козјачија“ започна со акции за информирање и едукација на населението за последиците од отворање на рудници за злато на територијата на Општина Старо Нагоричане.

Од иницијативата информираат дека во Кумановско во тек е изведбата на детални геолошки истражувања за металични минерални суровини, злато, сребро, бакар и молибден.
Експлоатација на рудата за овие благородни метали, претставува еден од најголемите загадувачи на природата, реаигираат од граѓанската инцијатива „Спас за Козјачија”.

„Доколку концесијата за експлоатација на руда биде одобрена, по течението на реката Петрошница ќе се отвори огромен рудник за злато и бакар. Таквиот тип на индуструја спаѓа во Г1 – тешка и загадувачка индустрија. Рудникот ќе биде со отворен коп, а рудата ќе се обработува со т.н процес на ‘лужење’. Тоа значи дека тони и тони експлозив секојдневно ќе се активираат врз почвата во Бајловце, што ќе резултира со ширење на опасна прашина во атмосферата, која ветерот ќе ја носи во нашите домови. Уште поопасен по здравјето на луѓето е методот на екстракција на рудата во кој се користат цијанид и сулфурна киселина! Евентуална хаварија може да предизвика зголемување на бројот на сериозни заболувања на луѓето и домашните животни во околината на општините Старо Нагоричане, Куманово, Кратово, Скопје, Крива Паланка и сите останати поблиски населени места. Јаловината којашто низ годините ќе остане како отпад од рудникот, можно е да истече и да се излее во Петрошница и Пчиња, пренесувајќи ги отровите преку Вардар долж цела Македонија до вливот во Солунскиот Залив”, се вели во реакцијата на иницијативата “Спас за Козјачица”.

Активностите на иницијативата засега остануваат само во рамки на информирање на населението.

„Имаме поддршка од експерти кои ни ги потврдија сомнежите дека отварањето на ваков тип на рудници е погубно за околината. Чекаме да видиме што ќе се случи со локалната власт и локалните избори кои следуваат, за да можеме да истапиме со конкретни барања за референдум. Нашата борба е насочена кон тоа граѓаните да одлучат дали сакаат да се отворат рудници на територија на општината“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Драгана Стефановска од „Спас за Козјачија“.

Стефановска вели дека покрај граѓаните, ниту локалните власти не се доволно информирани за опасностите кои ги носи отворањето на рудници од ваков вид, пред сè, затоа што не постои никаква транспарентност за процесите. Таа вели дека иницијативата има за цел да им објасни на граѓаните дека добивките од нивно отворање се краткорочни а последиците се неизбежни.

„Спас за Козјачија“ освен борба за својата општина, најавува поддршка и на претстојните референдуми во Дојран и Валандово.

М. Ивановска

Tags: екологијаиницијативаКумановоруднициСпас за КозјачијаСтаро Нагоричане
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ