• Latest

Има право Груевски!

July 10, 2017

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Има право Груевски!

July 10, 2017 18:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Има право Груевски. Изминува веќе вториот месец од воспоставување на новата влада, а таа не направи ниедно дело, особено не кривично. Тој, на пример, уште во првиот месец од владеењето почна да ги корумпира и партизира државата и општеството. Како може новата влада сè уште да ги држи партиските послушници на старите позиции? Да не мисли оваа нова влада да ги претопи? Тоа би личело на Груевски, кој ги презеде и корумпираше кадрите на СДСМ, веднаш по зграпчувањето на власта и уште во првиот месец тргна во поход да деградира професионалци кои не ја прифаќаа неговата игра. Веднаш започна со операцијата на киднапирање на државата и создаде правен лавиринт преку кој спроведе грабеж невиден ни во вековната доминација на Отоманите. Така е зборот, де.

Пишува: Џабир Дерала

Заев и неговата влада му одат на нерви на Груевски. Него го бараат амбасадори, му честитаат и отворено ја искажуваат довербата на нивните влади во него, му доделуваат меѓународни признанија… И тоа, уште во првиот месец. А тој, кутриот патриот и пастир, дури и без пасош остана! Вистинска патриотска жртва.

Новата влада има само гревови. Вели дека ќе биде достапна и отворена. Дури и оградата околу владата имаат ќе ја симнат. Кај да е, ќе сфатат дека Скопје 2014 е фашистичко-мафијашки проект, па и него ќе го демонтираат. Ја покажаа владата од внатре, го извадија мерцедесот од гаража! И тоа не е сè! Ги укинаа владините реклами вредни тешки милиони евра и немаат намера да се рекламираат. Па се разбира, нема што да рекламираат! Немаат дела! За месец дена, наместо да се задолжат, тие вратија 55 милиони евра и направија ребаланс на буџетот со кој, наместо на богатите, одвоија пари за сиромашните. Што би рекол Суперхик на тоа?! Во министерството за финансии прибраа еден хулиган како што е Бранимир Јовановиќ. Во другите министерства и институции прибираат интелектуалци и уметници, како Петрит Сарачини, Дарко Лешоски и низа други, сè хулиган до хулиган. Ма, тортура!

Има право Груевски да биде бескрајно гневен и затоа што ниеден напад на владата не му вреди, наспроти неговото упорно гракање. Лут е затоа што не му поминуваат ни вредно украдените идеи и уличарски финти. Океј, кога ќе се појави на комитска пијанка, изгледа како да има публика. Но, тоа е мала утеха во споредба со султанскиот статус кој го имаше до пред нешто повеќе од една година.

И! Најмногу е лут Груевски, со право, што со секој свој чекор, го прави Заев да изгледа сè подобро и подобро. Тоа е нешто што и нас треба да нè замисли и да нè држи на штрек, кога ќе поминат првите 100 дена влада. До тогаш, ајде да се смееме и да се веселиме. Како комити.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (11/7/2017)

Tags: Груевскиминистерствапатриотихулигани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ