• Latest

Нерегистрирана градинка во Чаир згрижува и индоктринира деца!

July 21, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нерегистрирана градинка во Чаир згрижува и индоктринира деца!

July 21, 2017 12:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика Фејсбук страницата на детската градинка “Bleta” („Пчела“) во Чаир, на која беа објавени видеа и фотографии од дечињата од градинката, како вршат ритуални обичаи карактеристични за исламот.

Граѓански новинар од Скопје до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги испрати фотографиите и видеото од градинката во Чаир, која врши религиозна индоктринација на децата кои ја посетуваат установата. По реакциите на социјалните мрежи, администраторите ја избришале страницата од Фејсбук.

По шпекулациите во јавноста, дека градинката работи нелегално, односно не е пријавена како установа во која се згрижуваат деца од претшколска возраст, ЦИВИЛ Медиа се обиде да стапи во контакт со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, но тој не одговори на нашите повици.

Во регистрите објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика, ваква градинка не постои! Ниту како дел од адресарите на јавните установи – детски градинки, ниту во адресарот на приватните детски градинки. Градинката „Пчела“ не е пријавена ниту како агенција за давање услуги за чување и нега на деца од претшколска возраст, ниту како јавен или приватен центар за ран детски развој!

Според една од фотографиите на градинката, изработена како табло, оваа фантомска установа работи веќе неколку години и, како што стои во описот, ја произвела својата „трета генерација“.

ЦИВИЛ Медиа доби потврда од Министерството за труд и социјална политика, дека градинката не е регистрирана, како и дека инспекциската служба денеска излегла на терен. За подетални информации, Министерството најави соопштение.

Маја Ивановска

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: градинкаДецаИзет МеџитииндоктринацијаМинистерство за труд и социјална политиканерегистриранаЧаир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result