• Latest

Најчевска: Антикорупциска не треба да дава мислење за случајот „Зврлевски“!

August 16, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најчевска: Антикорупциска не треба да дава мислење за случајот „Зврлевски“!

August 16, 2017 15:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Проблемот со Државната комисја за спречување на корупцијата е двоен. Од една страна, таа воопшто во случајов и не би требало да дава мислење или мислењето коешто го дава, треба да се земе со резерва, заради тоа што автентичното толкување на Законот, едниственото автентично толкување, може да го даде само Собранието на Република Македонија. Значи, ако сакаме да го издигнеме решавањето на проблемот на ниво коешто би значело употреба или соодветна употреба на законската регулатива, најдобро е Собранието да си го преземе ова во свои раце, како своја надлежност, изјави за ЦИВИЛ Mедиа, професорката д-р Мирјана Најчевска.

„Од друга страна, во други случаи, кога станувало збор за делокруг на самата Антикорупциска комисија, кога од неа мислење побарале соодветни министерства, токму во врска со оваа проблематика, Комисијата дала дури и спротивно мислење. Да речеме, кога станувало збор за Министерството за надворешни работи и именувањето на амбасадори, во време кога веќе се распишани изборите, истата оваа комисија дава мислење дека не станува збор за прекршување на законот, заради тоа што станувало збор за именување, а не и за вработување!? Независно што во некои од случаите, станувало збор за луѓе коишто и не се вработени во МНР!“, изјави Најчевска за ЦИВИЛ Медиа.

„Што се однесува до прашањето на кој начин може да се разреши целата оваа ситуација на разрешување на Републичкиот јавен обвинител од функцијата којашто ја има, мислам дека постојат различни варијанти. Она што, да речеме, јас го предлагам и коешто можеби би претставувало еден малку подрастичен пресек на целата работа, е едноставно, во одреден момент, претседателот на Собранието да си ја преземе надлежноста во свои раце, да прогласи дека веќе е завршена суштинската расправа. Бидејќи, последниве денови сите ние сме сведоци дека воопшто не постои вистинска суштинска расправа за точката на дневен ред, односно за причините за разрешување на Републичкиот јавен обвинител, туку се зборува за сè и сешто од парламентарната говорница. Претседателот на Собрaнието трeба да прогласи – момент на гласање. Значи, завршена е расправата, сега можеме да пристапиме кон гласање и едноставно на тој начин да заврши оваа голгота“, децидна е професорката Најчевска.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: автентично толкувањеголготаДКСКЗврлевскиМислењемомент на гласањеНајчевскапретседател на Собранието
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result