• Latest
Пишува: Александар Цезар Коневски

Масовно расте бројот на приврзаници на иницијативата за реформи!

August 23, 2017

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Масовно расте бројот на приврзаници на иницијативата за реформи!

August 23, 2017 15:20
in ПОЛИТИКА
Пишува: Александар Цезар Коневски

Пишува: Александар Цезар Коневски

Share on FacebookShare on Twitter

Над 11.000 членови на ВМРО-ДПМНЕ и официјално се изјасниле дека бараат реформи на партијата. Тие веќе не го кријат незадоволството и револтот од Никола Груевски и неговата клика, којашто ѝнанесе огромни, неповратни штети на партијата. Како што информираат од Републичкиот штаб за реформи на партијата, веќе имаат огромен број приврзаници на нивните заложби, речиси во сите градови во државата. Штип, Охрид, Демир Хисар, Велес, Крива Паланка, Гевгелија, Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар, Дебар и други градови, се на листата со приврзаници на реформскиот процес.  Масовно се зачленуваат и од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Груевски, мора да замине! Тој веќе нема легитимитет да биде претседател на партијата! Мора да се врати демократијата во партиските редови и да се освои победа на следните парламентарни избори!“, категоричен е Александар Цезар Коневски, член на Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што вели, на почеток средбите со приврзаниците се одржувале тајно, но, само за неполни три месеци порасна бројот на приврзаниците, па состаноците се одржуваат на јавни места ширум Македонија. Се одржуваат панел-дискусии, а незадоволните членови не го кријат револтот од Груевски и од неговите луѓе. Според Коневски, локалните избори се тешка битка за ВМРО-ДПМНЕ.

„Со нереформирана партија, со кандидати делегирани по теркот на кликата на Груевски, тешка ќе биде битката. А, нашите заложби се ВМРО-ДПМНЕ, секогаш да биде изборен победник!“, акцентира Коневски.

„Ние сме народна партија и одбиваме да влеземе во мегаломанските објекти, што со парите од граѓаните ги градеше Груевски, за да го задоволи својот хедонизам. Луксузирањето на кликата, ‘белиот дворец’ во Скопје, припаѓа само на врхушката, а не на народот, кој бара здрава и силна партија, што се грижи за потребите и интересите на чесниот човек“, дециден е Коневски.

Моника Талеска

Tags: Александар Цезар КоневскиВМРО-ДПМНЕкликамасовноНикола Груевскипарламентарни избориприврзанициреформистиУнија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ