• Latest

Новакоски: Доцна е за промени во ДИК, но се остави простор за оспорување на нејзините одлуки!

August 25, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новакоски: Доцна е за промени во ДИК, но се остави простор за оспорување на нејзините одлуки!

August 25, 2017 13:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во моментов, имајќи предвид дека изборите се распишани, сметам дека е премногу доцна да се преземаат било какви мерки за смена на членот на Државната изборна комисија. Тоа требаше и мораше да се направи пред распишување на локалните избори, имајќи го предвид Изборниот законик и договорот кој е постигнат меѓу политичките партии, зашто плод од тој договор е овој Изборен законик, а посебно членот околу составот на ДИК“, вели за барањето на Беса за промена на еден член на ДИК со нивни предлог, правниот експерт Александар Новакоски, експретседател на ДИК

Чекајќи го автентичното толкување на Изборниот законик од Собранието, партијата Движење Беса не се откажува од местото во Државната изборна комисија. Според Беса, која се обраќаше изминатиов период и до парламентарната Законодавно-правната комисија и до Владата, Собранието, според членот 27 од Изборниот законик, треба да го разреши членот на ДИК, Бедредин Ибраими од Демократската партија на Албанците (ДПА).

Беса е децидна дека ДИК треба да избере нов член на ДИК, на предлог од нивната партија, како втора опозициска партија според бројот на пратеници, зашто инаку, одлуките на ДИК за локалните избори ќе бидат спорни!

Иако по последните парламентарни избори, Беса наместо ДПА, стана дел од „големата четворка“, односно, втора опозициона партија, според законот, Ибраими може да биде разрешен пред време, само по негово барање, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, поради пензионирање, или ако е осуден на затворска казна над шест месеци. Нема законски предвидена можност за разрешување, ако партијата која го предложила ги загуби изборите во текот на неговиот мандат, како во конкретниот случај.

Поранешниот претседател на ДИК, адвокат и член на експертскиот тим на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Александар Новаковски, за правната разврска на случајот што може да ги проблематизира локалните избори на 15 октомври, за ЦИВИЛ Медиа изјави:

„Јас сум убеден дека Беса требаше да го даде членот во ДИК, без разлика дали ќе беше во опозиција или позиција, имајќи предвид дека веќе е прецизирано и точно се утврдува дека третиот член го дава политичката партија која била втора по број на гласови, дали од опозиција или позиција… Сега, ДИК не може причека, имајќи го предвид газењето на роковите, но факт е дека нас секогаш нè газат рокови, бидејќи работите треба предвреме да се регулираат и да се предвидуваат… Значи, во конкретниов случај, ДИК постапува без да има мислење од Законодавно-правната комисија и од Собранието околу поднесеното автентично толкување, но тоа е тоа. Изборите се распишани и да се надеваме дека се ќе биде во ред. Но, ќе се остави простор да некој може да го спори одлучувањето во ДИК,  повикувајќи се на овој член од Изборниот законик“, изјави Новакоски за ЦИВИЛ Медиа..

„ДИК за членови во изборните органи се обраќа до Беса да достави член или заменик член во зависност од договорот со политичките партии кои ги предлагаат членовите во избирачките одбори. Јас немам сомневање дека и сегашниот член на ДИК ќе се носи со сите проблеми, и се носел, но ДИК е должна да се грижи за законитоста, а законот е јасен – новиот член требаше да го даде партијата Беса“,  дециден е Новакоски.

„Веќе е доцна да се прават било какви промени во ДИК, имајќи предвид како се одвиваат работите во Собранието. За оваа промена е потребно двотретинско мнозинство и ќе настанат уште понесакани, други проблеми. Повторно доаѓаме во ситуација да не се реагира на време, а тоа според мене значи, за да нема вакви недоразбирања, несомнено е дека по сите парламентари избори треба да се избира составот на ДИК, друг начин да се избегнат недоразбирањата јас не гледам“, вели Новакоски“.

Дехран Муратов

Tags: „голема четворка“NovakoskiБесавладаДИКДПАИбраимилокални избориСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ