• Latest

Злоупотреба на децата за предизборна кампања

September 4, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Злоупотреба на децата за предизборна кампања

September 4, 2017 17:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо тоа да бидат учениците, политичарите и градоначалниците не ја пропуштија можноста да бидат главни „фаци“ на првиот училиштен ден. Во изминатиот период граѓан(к)ите се сведоци дека (не)официјално започна политичката изборна кампања за локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој најави дека по трет пат ќе ја бара поддршката на граѓан(к)ите да биде прв човек на градот, денеска го посети СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“. Тој на учениците им посака добредојде во училиштето, успех во учењето и во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи.

Во основно училиште „Петар Поп Арсов“, присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој повторно ќе ја бара поддршката од карпошчан(к)и на локалните избори.

„Општина Карпош продолжува со поддршката на учениците. Тоа значи дека основците од прво до петто одделение ќе добиваат бесплатни ужини, а сите ученици ќе посетуваат бесплатни еднодневни екскурзии. Тоа е нашата поддршка од страна на локалната самоуправа кон семејниот буџет на родителите, со што се обидуваме да го изедначиме стандардот кај сите ученици“, додаде Јакимовски.

И градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски ги посети основните училиште „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Политичката партија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение ја критикуваше погрешната образовна политика на претходната власт.

„Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во образованието што зад себе ги остави криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници“, соопштуваат од СДСМ.

По повод оваа немила појава која се провлекува со години наназад, во секој изборен процес, во ЦИВИЛ – Центар за слобода кратко известуваат констатирале бројни случаи на злоупотреби, меѓу кои се и злоупотребите на децата. Оттаму велат дека будно ги следат (пред)изборните политички кампањи и ги охрабрија родителите да пријават политичка злоупотреба на децата.

Дехран Муратов

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕградоначалнициКоце Трајановскиполитичка кампањапрв училишен денСДСМСтевчо Јакимовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ