• Latest

Џафероски: ВМРО-ДПМНЕ целосно ја ослаби Дирекцијата за заштита и спасување

September 6, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафероски: ВМРО-ДПМНЕ целосно ја ослаби Дирекцијата за заштита и спасување

September 6, 2017 15:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Недостиг на ресурси, отсуство на какви било инвестиции во изминатата деценија, недостиг на теренски возила, несоодветна кадровска екипираност! Ова е сликата за Дирекцијата за заштита и спасување во моментот. Според новото раководство, освен што се скенира состојбата, паралелно се подготвува функционална анализа за оваа државна институција, која што треба, повторно да стане столбот на цивилната заштита во општеството.

„Дирекцијата е всушност, наследник на поранешната Цивилна заштита, што функционираше во рамките на МО и Инспекцијата за заштита од пожари во МВР, а од 2005 година функционира како самостоен орган на државната управа. Но, власта на ВМРО-ДПМНЕ изминатата деценија се погрижила, да ѝ се одземат ингеренциите, да се ослабат целосно потенцијалите на Дирекцијата, така што е оневозможено да биде подготвена и превентивно и последично да интервенира секогаш кога има потреба од цивилна заштита. Дирекцијата со негрижата на претходната власт, во моментов е целосно руинира, иако е значаен дел од безбедносните структури, врз кои државата треба да се потпре во сите ситуации која граѓаните се соочуваат со елементарни непогоди, пожари, поплави, земјотреси, “вели директорот Аднан Џафероски.

Имајќи ја во вид целокупната состојба на институцијата, заложбите на Џафероски се преку процес на континуирани инвестиции, да се овозможи набавка на уште еден „Ер трактор“ двосед (авион за гаснење пожари, којшто ќе генерира и нови кадри за летање, нови пилоти), покрај постоечките 3 ер-трактори и на еден хеликоптер. Како што вели, неопходни се и повеќе теренски возила, зашто оние кои што се во моментов на располагање се крајно амортизирани.

„Па, со години овде ставката на капитални инвестиции била ‘нула’. Ресурсите со кои што располага Дирекцијата биле донации од меѓународната заедница, власта едноставно не водела грижа. Набавките во опрема се неопходни, за да се обезбеди оптимален минимум за работа, а со тоа да се обезбеди функционалност и ефикасност на Дирекцијата. Со паралелното постоење на Дирекцијата и Центарот за управување со кризи, само се ослабени двете институции и одземени ингеренциите. За квалитетна цивилна заштита, неопходно е здружување на нивните сили, ресурси, потенцијали“, оценува Џафероски.

Тој најавува дека ќе ги вложи сите напори, оваа институција да ги зајакне постоечките капацитети, да ги зголеми ресурсити, за да се овозможи брза и ефикасна интервенција во сите кризни ситуации со кои ќе се соочат граѓаните и државата, воопшто.

Моника Талеска

Tags: Аднан ЏафероскиДирекција за заштита и спасувањеЕлементарни непогодиефикасни интервенцииземјотресиканадерикризни ситуациипожарипоплавихеликоптерицивилна заштита
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ