• Latest
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026 10:49
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Јеменското движење Хути, поддржано од Иран, соопшти дека извршило напад врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, додека саудиските власти потврдија дека еден од бродовите се запалил по инцидентот. Нападот претставува сериозна ескалација и отвора можност за нов фронт во војната меѓу САД и Иран.

Хутите тврдат дека ги нападнале танкерите Encelia и Layla, обвинувајќи ги дека ја прекршиле поморската блокада што групата ја прогласила за саудиските пристаништа во Црвеното Море. Во нападот, според нивното соопштение, биле употребени балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала, пиппуваа Гардијан.

Саудиската државна новинска агенција SPA потврди дека на танкерот Encelia избувнал пожар на предниот дел од бродот, но сите членови на екипажот се безбедно евакуирани. Властите не соопштија кој стои зад нападот.

Поморски безбедносен извор претходно информираше дека танкерот испратил повик за помош преку VHF радио, известувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на пристаништето Џизан на саудискиот брег во Црвеното Море.

Британската компанија за поморски ризици Vanguard соопшти дека танкерот бил погоден од непознат проектил на околу 130 километри југозападно од саудискиот град Ал Шукаик. Сличен извештај објави и британската агенција United Kingdom Maritime Trade Operations (UKMTO), која наведе дека добила пријава за напад врз танкер што предизвикал пожар на бродот, објави Гардијан.

Во меѓувреме, Хутите тврдат дека по нивното предупредување околу десет бродови се повлекле од пловидба кон саудиските пристаништа. Според податоци од системите за следење на пловидбата, најмалку пет танкери во средата го смениле курсот во Црвеното Море, а два продолжиле кон Суецкиот Канал.

Ескалацијата веднаш се одрази и врз енергетските пазари. Цената на суровата нафта „Брент“ повторно порасна за повеќе од три проценти и надмина 95 долари за барел.

Продолжуваат американските напади врз Иран

Во исто време, американската војска ја спроведе дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз ирански воени цели. Според американски извори, нападите траеле околу пет часа и биле насочени кон поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за набљудување и противвоздушна одбрана.

Иранските медиуми јавуваат дека повторно биле нападнати воени објекти во Бушер, во близина на единствената иранска комерцијална нуклеарна електрана, што е трет напад врз таа област во последните два дена.

Иранската државна телевизија извести и за американски ракетен напад врз граничниот премин Шаламче кон Ирак, при што загинале две лица, а единаесет биле повредени.

Расте бројот на жртви

И покрај континуираните американски воздушни напади, Иран и понатаму демонстрира способност за ракетни и беспилотни напади. Во текот на неделата беа нападнати постројки за вода и енергетска инфраструктура во Кувајт, како и американски воени објекти во таа земја, додека под удари се најдоа и американските сојузници Бахреин и Јордан.

Според иранското Министерство за здравство, од крајот на минатиот месец загинале најмалку 53 цивили, а 592 лица се повредени. Откако на 28 февруари започнаа воените операции на САД и Израел против Иран, според иранските власти, загинале илјадници луѓе, а милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

Од американска страна, досега загинале 18 припадници на вооружените сили, а повеќе од 450 војници се ранети.

Извор: Гардијан

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ