Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски вршел мобинг врз поранешниот раководител на Одделот за човечки ресурски во истиот суд.
Основниот суд Скопје 2 донесе одлука за тужбата против Панчевски, поднесена од Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1.
Панчевски не се појавил на рочиштето, а во судницата бил присутен само неговиот адвокат. Панчевски има право на жалба до Апелациониот суд.
Во ноември минатата година, петнаесетина судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје испратија писмо до Судскиот совет, со обвинување против Панчевски за злоупотреба на судот. Со пораката дека Основниот суд Скопје 1 не е негов приватен суд и дека не смее да го користи за лична пресметка со колегите. Со Известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти, судиите побараа покренување на постапка за утврдување одговорност за Панчевски.
Панчевски водел од медиумите беше обвинуван и дека преку лажни профили коментира на социјалните мрежи и дека ја опструира работата на Специјалното јавно обвинителство