• Latest

За ММФ новата Влада е важна пресвртница, ВМРО-ДПМНE тврди дека СДСМ ја турка Македонија во банкрот!

September 19, 2017
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За ММФ новата Влада е важна пресвртница, ВМРО-ДПМНE тврди дека СДСМ ја турка Македонија во банкрот!

September 19, 2017 10:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Продолжената политичка неизвесност го зеде својот ‘данок’ врз економскиот раст, преку страдање на инвестициите поради слабите одлуки. Формирањето на новата Влада означи важна пресвртница. Политиките сега треба да се фокусираат на обновата на баферите за фискална политика и спроведувањето на критичните реформи за повторно оживување на растот и да се направи нов притисок кон изгледите за пристапување кон ЕУ“, се вели во завршната изјава на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, во вчера објавениот годишен преглед на македонската економија, изготвен од 6 до 18 септември, најави  дека очекува инфлацијата во 2017 да достигне 1,2 отсто, со што ќе заврши тригодишната дефлација. Мисијата ја поздравува намерата на Владата да го зајакне управувањето со јавните финансии и да ја зголеми фискалната транспарентност, а банкарскиот систем го оценува како здрав.

Според Извештајот, среднорочната перспектива е поволна во зависност од континуираната политичка стабилност и силната надворешна побарувачка: „Реалниот раст на БДП се очекува одново да се врати на повисоко ниво во 2018 година и постепено да се зголеми на 3,75 отсто на среден рок, поддржан од подобрените одлуки од страна на инвеститорите, проширените извозни капацитети и континуирано подобрување на условите на пазарот на трудот. Ризиците во однос на изгледите се во надолна линија“.

Мисијата на ММФ смета дека во отсуство на трајни мерки за консолидација, се очекува фискалниот дефицит и јавниот долг да порасне.

Спорд Извештајот, подобрувањето на среднорочниот потенцијал за раст зависи од решителното справување со слабостите на судството и сеопштото управување.

Тимот на ММФ кој ја посети Македонија, се сретна во Министерството за финансии, со тимот на чие чело беше министерот Драган Тевдовски, како и со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, паралелно со оценките на ММФ, реагираше дека „катастрофалната економска политика на СДСМ ја води Македонија кон економски крах и банкрот. Сè повеќе граѓани ја губат надежта дека Владата на СДС ќе постигне било какви економски резултати. Македонија со оваа бандитско криминална влада ќе го достигне дното. Цехот ќе го платат граѓаните“.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата на СДСМ дека не е фокусирана на отворање на нови работни места, дека „ги брка потенцијалните инвеститори и компаниите кои досега инвестираа, неводејќи грижа дека без работа можат да останат 25.000 граѓани“, дека со падот на извозот за јуни и јули од 12%, му е нанесена голема штета на домашното стопанство, како и дека „неодговорното работење на СДС со народните пари на Република Македонија за прв пат по подолг период и донесе пад на просечната плата за 0.7% и пад на индустриското производство 2,2%“.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕгодишен прегледекономски крах и банкротМисијаММФслабости на судството и на сеопштото управување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ