• Latest

Без соочувања, ќе се гледаме на билборди – втор ден

September 27, 2017
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Без соочувања, ќе се гледаме на билборди – втор ден

September 27, 2017 11:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Црвена кампања, во иста боја, борба, едните – за нова ера, другите – за нов живот, вчерашни сојузници – денешни противници, соочување преку билборди, а не на ТВ дебати, освојување на територија, а не привлекување на гласачкото тело… Втор ден изборна кампања со добра вест дека премиерот, во улога на лидер на СДСМ, не користел службено возило за приватни, односно партски цели. Потврдено и од портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, по обвинувањата на опозициските медиуми.

Имено, да почнеме од позитивната страна, па ако е сè црвено, не значи дека мора да биде и сè црно. Премиерот  Зоран Заев како „ховер“, никако да седне на премиерската фотелја. Од патиштата во туѓина каде што се среќава со државниците од белиот свет и со дијаспората, стаса и до Гевгелија и одржа митинг. Како што тоа добро забележува и Сашо Орданоски во својата колумна, ова се чини како почеток на нова ера. Сепак, како и да ја вртите работата, барем возилото не чини 600.000 евра…

Но, да гледаме кон иднината. Ако постапката на Заев е некој врв на демократијата што досега го освоивме, кога реално, по дефиниција, сите политичари ќе се однесуваат во истиот манир?

Дебати нема да гледаме, очигледно. „Само вистина“ само со Шилегов, а без Коце… За разлика од Џабир Дерала од ЦИВИЛ кој беше поканет на дебата со Стевчо Јакимовски, па му беше откажано гостопримството, за Стевче – јачи смо од судбине – Јакимовски, овој пат, Коце Кабана самиот не сакал да дојде на дуел со својот политички ривал. Нејсе, можеби на граѓаните и не им требаат две вистини. И така се исти, прашање е само за која ќе се одлучат.

Петре Шилегов, кандидат за градоначалник за град Скопје, сам на ТВ дебата

А колку се решителни граѓаните, пример е вчерашната анкета на ЦИВИЛ Медиа: „Немам време за тоа“, „Не ни гласам, не ме интересира“, „Не ни гледам што прават политичарите“… или „Сè е лага, борба за власт и за фотеља…“

Довчерашните сојузници како да се оддалечуваат… Општина Центар на чело со Жерновски, досега беше болна точка… Ама, Саша Богдановиќ, директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и кандидат за градоначалник на СДСМ, вели дека не е должен да ги исполнува ветувањата на екс-либералниот демократ и негов актуелен сопартиец… Галантен и во духот на демократските вредности, Богдановиќ, мандатот на претходникот го оцени како успешен, но, нели, тој ќе се залага, согласно законите, да ги надмине сите досегашни пропусти. А, што се однесува до обвинувањата, категорично, дипломатски, ги смести во легитимноста на законите.

Изборната кампања во оваа општина, ќе биде проследена и со сива дамка од минатото. Судот му одреди притвор на градоначалникот на Пустец, легендарното гратче во Албанија од каде што Груевски регрутираше гласачи за Општина Центар. Едмонд Темелко… Тоа што сега го притворија, за едни е правда, и како што е ред, а за други, опозицијата – изборна корупција и потврда колку е криминална сегашната власт.

Да не ја заборавиме опозицијата. Коце Трајановски ветува нова ера (влегува тука и живот за сите?), Велес конечно економски ќе просперира, а во Кочани, ако одиме по логиката на говорот на Груевски, граѓаните можат да се простат со своите бугарски пасоши и работата во Италија, со сиромаштијата и со ред други „национални“ прашања, оти ќе настапи новата ера. Но, локалните избори ќе бидат локални, не берете гајле…

И големо извинување за останатите, за нив повеќе во идните извештаи, засега, како тргнале работите, гледаме двобој во исти, црвени дресови.

Биљана Јордановска

Tags: Андреј Жерновскиизборна кампањаКоце Трајановлокални избориСаша Богдановиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ