• Latest

Нелковски: Тоа што се случи во Каталонија се рефлектира и на нашиот изборен процес

October 4, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нелковски: Тоа што се случи во Каталонија се рефлектира и на нашиот изборен процес

October 4, 2017 19:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашата организација ги набљудуваше изборите во 2014 и 2016 година. Денеска го презентираме извештајот за превенцијата за време на избори. Превенцијата како начин на размислување е исклучително важна во општеството особено во изборниот процес. Ги посетивме сите политички партии и најодговорните политичари што се поврзани со изборите, претходниот премиер, министерот за внатрешни работи и заклучивме дека во оваа сфера има сè уште простор да се работи со цел да имаме мирни избори“ изјави Нелко Нелковски претседател на Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР) на денешната прес-конференција пред куќата на мајка Тереза.

Многу битен факт е местото каде се одржа пресот, без никакво образложение, иако Нелковски инсистираше куќата да се гледа во позадина. Но, од она што беше презентирано можеме само да кажеме: мирни избори, мирна предизборна кампања, мирен ден на изборите, мирен пост-изборен период, односно мирни избори во 2014 и 2016 година. Ова го добиваме како извештај од МЦКР во октомври 2017 година, десет дена пред локалните избори. На прес конференцијата немаше ни објаснување зошто сега мора да ги видиме овие извештаи…

Сепак, беа споменати и овие избори… Нелковски порачува дека, превентивно, треба да се огледаме на случајот со Каталонија, не за друго, туку дека е многу битно ни капка крв да не се пролее на овие избори.

А, бидејќи двајца кандидати за градоначалници во Кичево и Шуто Оризари веќе „крвареа“ како што рече Нелковски, одговорноста е огромна на сегашната власт, па добро, и на опозицијата, другите по сè изгледа се само за бројка.

„Сето она што се случи во Каталонија, апсолутно има влијание во целиот свет, но и на нашиот изборен процес и верувам дека сите ќе извлечеме поука, дека мирот, владеењето на правото и демократијата се основните темели на кои треба да почива една современа земја како што е Република Македонија“ истакна Нелко Нелковски.

Од извештајот „Превенција за време на избори“ кој денеска се презентираше по втор пат, може уште нешто да се издвои нешто:

„Пофалба до сите вклучени институциите, политичките партии, Владата, Премиерот, министерствата и се разбира Државната изборна комисија за успешно спроведени парламентари избори 2016“, оценка за 11 декември или „Прв круг претседателски и парламентарни избори 2014 како МИРЕН, ФЕР и ДЕМОКРАТСКИ кој помина во скоро совршена изборна атмосфера… избори, кои Република Македонија ја сврстуваат во развиените демократски земји… и превенцијата во пристапот на МВР и политичките партии се покажа за прв пат на дело“.

На „Патоказот на иднината“ уште ќе чекаме, освен ако осудата за нападите врз Елвис Бајрам и Алит Абази и одговорноста што ја имаат институциите и учесниците во изборниот процес, не треба некаде да води… Дали ова беше предвидување или нешто друго, остана нејасно.

Според изјавата на Нелковски, граѓанките и граѓаните или гласачкото тело не се за пофалба, не учествуваат во избори и, по таа логика, нив ги нема во иднината. Ним не им треба едукација за превенција за време на избори.

Всушност, прашањето е што МКЦР превенира?

За потсетување, кога излезе извештајот од нивниот мониторинг на изборите во 2016, на ЦИВИЛ Медиа излезе опширен текст во кое се постави прашањето: Кои избори ги следела МКЦР? И каде?

Со дополнување, каде беа и што набљудуваа во 2014?

И, што ќе набљудуваат и каде ќе бидат на овие избори?

И за крај, дали оваа изјава е тригер за извештај на МЦКР за локалните избори, што ќе содржи реални оценки или само доказ, дека патоказот кон иднината одамна е поставен и треба да му бидеме верни до гроба?

Биљана Јордановска

Tags: извештајМЦКРНелко Нелковскипатоказ кон иднината
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ