Пресудата за „Диво насеље“ ќе биде објавена на втори ноември во 10.30 часот. Вака одлучи Основниот суд Скопје 1, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавни набавки (БЈБ), поради зголемен ангажман на полицијата за време на локалните избори и обезбедување на странски делегации.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека за случајот „Диво Насеље“, Владата ќе преземе обврска да спроведе меѓународна истрага,за да ја дознае јавноста вистината за терористичките напади, кои што се случија на 9 и 10 мај, 2015 г. кога загинаа осум полицајци.
Во овој судски процес за терористичките напади во Куманово, обвинетите постојано бараат во судницата да се појават, како што ги нарекуваат, организаторите на настанот, споменувајќи ги имињата на Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Никола Груевски и Артан Груби. Обвинетите вакво барање упатија и до Судот, но предлогот беше одбиен.