• Latest

Каталонија ќе прогласи нова република

October 25, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Каталонија ќе прогласи нова република

October 25, 2017 21:42
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Каталонија, Уриол Жункерас изјави дека тој регион ќе прогласи „нова република“, јавува МИА. „Потезите на Шпанија не им оставаат никаква друга опција на каталонските сепаратисти освен да прогласат нова република“ – изјави тој. 

Каталонските медиуми го пренесуваат неговото денешно интервју за Асошиејтед прес, во кое наведува дека ќе се продолжи работата кон создавање на република. „Според нашето сфаќање, имаме демократски мандат за прогласување нова република. Шпанската Влада не ни остави никаква друга опција“ – рече Жункерас во интервјуто.

Сепак, тој прецизираше дека зборува само од името на Републиканската левица, една од двете партии во владејачката коалиција, а не во име на регионалната Влада на претседателот Карлес Пуџдемон. Портпаролката на каталонската влада претходно соопшти дека Пуџдемон денеска го одбил повикот за утре да се обрати пред шпанскиот Сенат во врска со планот да прогласи независност на Каталонија.

Таа прецизираше дека Пуџдемон нема да отпатува во Мадрид поради тоа што шпанската Влада веќе објави дека ќе воведе директна управа над тој автономен регион со цел да се блокира обидот за отцепување.

Сенатот, каде партијата на премиерот Маријано Рахој има мнозинство, треба в петок да се изјасни за одлуката на шпанската Влада со која се урива каталонската Влада, се презема контрола над Парламентот, медиумите и полицијата. Мадрид, исто така, најави дека во рок од шест месеци планира да свика нови парламентарни избори во Каталонија.

Околу 18.30 часот, пред градското Собрание на Барселона почна собирот на студентите кои бараат независност на Каталонија.

 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

фото: архива на ЦИВИЛ

Tags: КаталонијанезависностПротестиШпанија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ