• Latest

„Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески со светска премиера во Солун

November 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески со светска премиера во Солун

November 10, 2017 15:47
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот игран филм „Исцелител“ на младиот режисер, сценарист и продуцент Ѓорче Ставрески синоќа ја имаше светската премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, јавува МИА.

Во преполната кино-сала „Ставрос Торнес“, каде се бараше карта повеќе, публиката уживаше во „црната комедија“ на Ставрески и имаше можност да се запознае со суровата реалност на „обичниот смртник“, кој излезот од своите секојдневни и здравствени проблеми го бара кај „лажните исцелители“.

Младиот автор смета дека „во овие луди времиња, капитализмот со балкански вкус ги сведе човечките вредности на грабање на што е можно повеќе пари и моќ, а притоа останатите луѓе не се воопшто важни. Најпотребните лекови исчезнаа, а приватните болници прават огромен профит земајќи го и последниот денар од болните и очајните. Бебиња умираа на породување, воздухот се загади, а луѓето се свртија кон астрологија, теории на заговор и игри на среќа. Лажните исцелители процветаа: Oружани со ’чудотворни’ таблети од варикина, хомеопатска ’вода што памти’ и лековити колачи од марихуана, тие нудеа ’ништо’ за помалку пари. Меѓутоа секој денар е битен кога платата доцни со месеци“, како што вели во интервјуот за МИА.

На тој начин се родила неговата приказна, а хуморот и болката воделе битка во неговото сценарио.

 

 

Во дебитантскиот игран филм на Ставрески, кој е македонско-грчка копродукција, главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска.

Филмското остварување на Ставрески е во продукција на „Фрагмент филм“ и копродукција на грчката „Граал С.А.“, а финансиски е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој е филмски продуцент и поранешен прв човек на „Вардар филм“, истакна за МИА дека „ако се направи анализа ќе се утврди дека младите режисери се поуспешни од они кои ги нарекуваме ’етаблирани’ автори“.

„Мислам дека иднината на македоскиот филм е токму во тие млади луѓе, кои за минимални финансиски средства во споредба со оние кои ги добиваат „етаблираните“, создаваат нешто. Оваа и идната генерација која пристигнуваа, како Ѓорче, Дина Дума и други, сметам дека ќе направат добро за македонскиот филм и воопшто за државата и македонската култура“, нагласи Тозија.

Според него, не постои рецепт за добар филм, во спротивно „Холивуд не би создавал неуспешни филмови“. Тој смета дека е тешко е да се направи филм како „Пред дождот“, но сепак верувам во овие млади луѓе.

„Исцелител“ денеска ќе има уште една проекција во Солун, а македонската публика ќе има можност премиерно да го погледне филмот на 19 ноември.

Солунскиот фестивал е еден од најголемите и најстари филмски фестивали на балканските простори. Оваа година тој се одржува од 2 до 12 ноември, а во главната натпреварувачка програма се наоѓаат дебитантски и втори филмови на автори од цел свет кои имаат субверзивен пристап.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ѓорче СтаврескиСолунфестивалфилм
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result