Во Драмскиот театар во Скопје денеска започнува Меѓународниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп организиран од Здружението на граѓани за промоција и развој на регионите “Свет на различни, а еднакви” од Скопје. Изведбите на преставите почнуваат денеска во 11 часот.
Целта на овие активности е да ја зголемат вклученоста на лицата со инвалидност со други лица во културни активности, да ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата, да им се отворат портите за креативно изразување, да се негува нивниот потенцијал и да се унапреди нивниот квалитет на живот.
Ова е единствен фестивал на Балканот од ваков карактер и на истиот ќе учествуваат аматерски групи од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и други, и претставите кои ќе започнт утре во 10 и 30 часот ќе бидат од натпреварувачки карактер, а на 16 ноември напладне во театарот во ревијалниот дел ќе бидат доделени награди.
А.П.